Свет

Трамп го спореди ударот врз Иран со оној врз Хирошима и Нагасаки…

Американскиот претседател, Доналд Трамп ги спореди американските напади врз Иран со бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки, велејќи: „Ова беше во суштина истото: тоа ја заврши таа војна; ова ја заврши војната,“ објави Гардијан Коментарот на Трамп дојде по извештајот на Пентагон според кој американските напади врз нуклеарните постројки на Иран не ја уништиле туку само […]

Американскиот претседател, Доналд Трамп ги спореди американските напади врз Иран со бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки, велејќи: „Ова беше во суштина истото: тоа ја заврши таа војна; ова ја заврши војната,“ објави Гардијан

Коментарот на Трамп дојде по извештајот на Пентагон според кој американските напади врз нуклеарните постројки на Иран не ја уништиле туку само за неколку месеци ја забавиле нуклеарната програма на Иран. 

Трамп ги отфрли овие тврдења.

„Не сакам да го користам примерот на Хирошима. Не сакам да го користам примерот на Нагасаки, но во суштина беше истото нешто што ја заврши таа војна“, рече Трамп за време на самитот на НАТО во Холандија.

Со ова се заврши оваа војна. Да не го уништевме тоа, сè уште ќе се боревме“, додаде тој, осврнувајќи се на нападите врз иранските нуклеарни постројки.

Трамп повтори дека американските напади, спорд него, ја вратиле децении назад нуклеарната програма на Иран.

„Не мислам дека некогаш повторно ќе се обидат да го сторат тоа. Поминаа низ пекол. Доста им е.

Последното нешто што сакаат да го направат сега е повторно да збогатат ураниум“, рече тој.

Додаде дека чека извештај од израелските служби за проценката на штетата, за кој верува дека ќе ја потврди неговата тврдење за „целосно уништување“ на целните постројки.

Американската војска фрли нуклеарна бомба врз јапонскиот град Хирошима на 6 август 1945 година, а втора бомба врз Нагасаки три дена подоцна. Тоа беше прв и досега единствен пат во историјата нуклеарно оружје да биде употребено во војна.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

To top