Македонија

Почина Ленче Софрониевска

Беше истакнат правник и судија, и една од основоположниците на судскиот систем во независна Македонија

На 77-годишна возраст почина Ленче Софрониевска, истакнат правник и судија, и една од основоположниците на судскиот систем во независна Македонија.

Најголем дел од својот професионален живот го посвети на правосудствоот и за обезбедување на независност на судската од извршната и законодавната власт.

Софрониевска кариерата во правосудството ја почнува во 1974 година во Општински суд Скопје 2. Била претседател на Судот на здружен труд и член на Претседателството на ЦК на СКМ.

Софрoниевска беше советничка во првата Влада на Македонија, а потоа и генерален секретар на Владата.

Работеше и како судијка на Апелациониот суд, како и член и претседател на Републичкиот судски совет.

Потоа до пензионирањето работеше како адвокат.

Најнови вести од: Македонија

„Гласајте за амандманот на Вајц“, бараат Македонците од Германија од европратениците

Со амандманот бара Правната служба на Советот на Европската унија да изготви независно мислење за тоа дали таканаречениот Втор билатерален протокол меѓу Република Бугарија и Република Македонија претставува дел од преговарачката рамка усвоена од Советот – или не

To top