Македонија

Овации за Котецу во Јапонија за изведбата на „Ако умрам ил’ загинам“ (ВИДЕО)

Публиката во Јонаго со бурен аплауз го награди финалето на интерпретацијата на вонвременскиот хит на Јонче Христовски

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу предизвика бура од одушевување кај публиката во својата родна префектура Тотори со изведбата на „Ако умрам ил’ загинам“ на бардот на македонската патриотска песна Јонче Христовски.

Сведоците на неговиот прв концерт со македонски народни песни во Јапонија, кој се одржа во хотелот „Ана“ во градот Јонаго, со аплаузи и овации го наградија вљубеникот во Македонија кога на крајот од сопствената маестрална интерпретација го фрли палтото во стилот на пејачот што го обожава.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top