Македонија

Што ќе му каже Мицкоски на Таравари следната недела на последното кафе?!

Следната недела, премиерот Христијан Мицкоски ќе го покани претседателот на АА, Арбен Таравари, да му посака „среќа“. Мицкоски изјави дека најмалку што очекувал од Таравари е да заврши во рацете на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според премиерот, не сите од раководството и функционерите на АА го делат мислењето на Таравари. Сепак, тој не посочи […]

Следната недела, премиерот Христијан Мицкоски ќе го покани претседателот на АА, Арбен Таравари, да му посака „среќа“. Мицкоски изјави дека најмалку што очекувал од Таравари е да заврши во рацете на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според премиерот, не сите од раководството и функционерите на АА го делат мислењето на Таравари. Сепак, тој не посочи дали ќе ја отстрани цела Алијанса или постои можност функционерите кои не се согласуваат со Таравари да останат. „Времето ќе покаже“, рече Мицкоски.
  • Јас забележав и мислам дека Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и ДУИ. Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба следната недела во која ќе сумираме што е тоа што е направено и да му посакам пред сѐ добро здравје. Тоа е она кое што ни е најважно на сите нас. Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука и убеден сум одлука на малкумина и дека тоа не е одлука на членството на Алијанса на Албанците и на голем дел на луѓето кои се дел од оваа Влада. Чесно и доблесно беше самиот тоа да го направи да не ја влече Владата за нос и граѓаните, но ете полека, но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои повеќе од 2 децении ја пустошеа, криминалиизраа и ограбуваа и ја фрлија Македонија на колена“, рече Мицкоски.
Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најави дека наскоро ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски за да му ја објасни, како што рече, вистинската слика околу последните случувања во Владата и околу одлуката на неговото крило на партијата.
  • Премиерот Мицкоски изминатиот период беше под голем притисок поради повеќе причини. Жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на некакви уверувања. Единствената вистина е дека нашата партија одлучи да настапи со посебни листи за советници на локалните избори – изјави Таравари за ТВ21.
Според него, токму оваа одлука предизвикала незадоволство кај дел од албанските структури во Владата, кои, како што вели, започнале да шират алибија и гласини. Претходно, лидерот на АА Арбен Таравари, за време на отворањето на канцелариите на партијата во Скопјe, изјави дека довербата меѓу нив и нивните владини партнери е во тажна состојба и дека би било подобро за нив да преминат во опозиција. Таравари негираше дека има какви било планови да се приклучи на Европскиот фронт, повторувајќи дека единствената одлука досега е да се натпреварува на локалните избори со посебни листи за општински советници.

Најнови вести од: Македонија

Важно е колку животи ќе се подобрат, а не колку страници ќе се напишат

Денес повеќе од кога било е важно Македонија да биде препознаена како држава која не нуди само поволна географска положба, туку и стабилност, предвидливост, квалификувана работна сила и јасна развојна визија, дециден е Мицкоски

Владата одобри: Итната медицинска помош добива посебен центар

Од Министерството за здравство информираат дека во првата фаза е предвидено издвојување на Итната медицинска помош – Скопје како самостојна институција, по што постепено ќе следува интегрирање на другите служби во рамките на идниот центар.

Димитров: Македонија да прифати дека Охридската архиепископија е бугарска

Спротивно на македонската наука која потенцира дека Охридската архиепископија е автохтона словенска црква која израснала од делото на Свети Климент Охридски, со доминантно македонско население, и дека таа го претставува историското јадро врз кое легитимно е возобновена современата Македонска православна црква – Охридска архиепископија

Нино Васев и Нехат Нухи излегуваат од притвор со гаранција од над половина милион евра

„На обвинетиот Н.В. му е определена гаранција во износ од 183.981 евра која се состои од ставање под хипотека на недвижен имот, додека на обвинетиот Н.Н. му е определена гаранција во износ од 348.049 евра, исто така со ставање под хипотека на недвижен имот“ соопштија од Кривичниот суд

To top