Македонија

Со огномет и факели прославено излегувањето на Груби на слобода (ВИДЕО)

Судот не му го врати пасошот и тој има и забрана да го напушта Скопје додека трае судењето за предметот во кој е обвинет

Десетици луѓе се собраа синоќа во Скопје за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од Лотарија.

Груби, во друштво на пријатели и соработници, се појави триумфално, додека во исто време започна огномет, а луѓе држеа запалени факели и чадни бомби. 
На поранешниот вицепремиер судот вчера не му ја прифати понудената гаранција за барањето да му биде вратен пасошот. Тој има и забрана да го напушта Скопје додека трае судењето за предметот во кој е обвинет.

Најнови вести од: Македонија

To top