Македонија

Мицкоски: Подготвен сум да ја сносам целата политичка одговорност, само да спасиме човечки живот

Премиерот Христијан Мицкоски изрази недвосмислена поддршка за целосна имплементација и проширување на системот „Безбеден град“ на целата територија на Република Македонија, нагласувајќи дека зачувувањето на човечките животи е апсолутен приоритет пред каков било политички притисок.

Премиерот Христијан Мицкоски изрази недвосмислена поддршка за целосна имплементација и проширување на системот „Безбеден град“ на целата територија на Република Македонија, нагласувајќи дека зачувувањето на човечките животи е апсолутен приоритет пред каков било политички притисок.

„Некои велат ‚тоа ќе донесе критика за Владата, ќе донесе силен политички удар‘, јас велам ‚подготвени сме да го издржиме политичкиот удар, само да спасиме човечки живот‘. Затоа што само изминативе недела-две, во строгиот центар на главниот град имавме три жртви – дел повредени, дел кои трагично го загубија животот – токму поради неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните правила. Јас во разговор со министерот за внатрешни работи реков дека подготвени сме како Влада да ги трпиме сите критики. Слушам некои поранешни пратеници на СДСМ и ДУИ кои го критикуваат ова, возеле 52, 53, 55 km/h, па добиле опомени. И со 50,5 km/h ќе добијат опомена, бидејќи постојат правила што точно дефинираат што е прилагодена, а што неприлагодена брзина. И ако успееме да спасиме барем еден човечки живот, еве јас сум подготвен целиот товар да го прифатам на себе и да ја понесам целокупната политичка одговорност“, порача Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека најголемиот дел од сообраќајните несреќи со смртни последици се предизвикани токму од неприлагодена брзина и грубо кршење на правилата.

„Ние уште одамна алармиравме дека до ваква ситуација ќе дојде. Сите видоа колку сообраќајни прекршоци се евидентирани во еден единствен ден. Огромен дел од нив се поради несовесни возачи кои управуваат нерегистрирани возила. Неколку илјади прекршоци само вчера беа заради поминување на црвено светло. Само вратете се неколку месеци наназад и ќе видите колку луѓе го загубија животот токму затоа што некој управувал патничко возило, не ја прилагодил брзината и поминал на црвено светло“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

За 24 часа „Сејф Сити“, детектираше 110.000 прекршоци во Скопје

  По пуштањето во пробна употреба на системот „Сејф Сити“, за само 24 часа бил детектирани 110.000 прекршоци само на територијата на Град Скопје, соопшти Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според министерот, најголем дел од нив биле поради прекорачување на брзината. „Не велам дека Сејф Сити е идеален, сигурно ќе има одредени елементи кои […]

Наместо во затвор – на операција на втор тестис

Судијата за извршување санкции од Основниот суд во Гостивар потврди дека претходно добил барање за одложување на издржувањето на казната затоа што Белули бил хоспитализиран во петокот, на 28 ноември, а за денеска му била закажана операција за кила на тестиси

Денес продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – воведни зборови на одбраната

Денеска во судницата во затворот Идризово продолжува главната расправа за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани од 16 март 2025 година, во кој животите ги загубија 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Премиерот за буџетот на правосудството: Повеќе од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за емисијата „360 Степени“ на Македонската телевизија, одговарајќи на прашања за финансирањето на правосудството и извештајот на Советот на Европа, направи споредба меѓу процентот од БДП што се издвојува за правосудството во Македонија и во Словенија, како и споредба на БДП по глава на жител во двете земји, а потоа ги спореди и платите на судиите.

(Видео): Угостителите до Нова година сами ќе мора да обезбедат контејнери за одлагање на отпад

Сите тие имаат дејност за која наплаќаат од граѓаните. Од друга страна, граѓаните си плаќаат за уредно да го одлагаат отпадот во контејнери. Не може некој да биде држен во сива зона, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Не ми требаат 25 хигиеничарки и десетина шофери, сам се возам

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски рече од среда ќе почне инспекција на дивите такси превозници, Угостителите до Нова година ќе треба сами да си обезбедат контејнери за одлагање на отпад и на повик да се одлага нивниот отпад.

To top