Спорт

Вардар пак го победи Тулуз и заврши прв во групата од Европската лига

„Црвено-црните“ славеа со 37:35 во Скопје и пренесоа два бода во втората фаза, во која ќе играат со Мелсунген и Бенфика

Ракометарите на Вардар и по вторпат му зедоа мерка на Тулуз, совладувајќи го со 37:35 во СЦ „Јане Сандански“, со што ја освоија групата Ф од Европската лига и пренесоа два бода во втората фаза, во која противници ќе им бидат германски Мелсунген и португалска Бенфика.

Најдобриот од таа група ќе обезбеди директно учество во четвртфиналето, а вториот и третиот ќе играат осминафинале.

Гостите од Франција му дадоа силен отпор на двократниот европски првак, добивајќи го првото полувреме со 18:16 и стигнувајќи до максимални 19:16 на стартот од второто, но потоа вардарци се разбудија и со френетичната поддршка од „комитите“ го скршија отпорот на ривалот со водството од 36:31 во 55. минута.

Јака Малус со 9 гола од 12 удари беше најефикасен во составот на Иван Чупиќ, го следеше Дмитро Хориха со 8/14, а голманот Васил Гогов запиша 12 успешни интервенции.

Најнови вести од: Спорт

Од -7 до победа: Игнас Саргиунас и најлудиот пресврт во историјата(ВИДЕО)

Во квалификацискиот меч за Евробаскет 2027 меѓу Велика Британија и Литванија, одигран во Велика Британија, се случи еден од најдрамтичните пресврти во историјата на европската кошарка. На десет секунди пред крајот, Литванците губеа со 87:80 – наизглед безизлезна ситуација.

To top