Свет

Гутереш: Крајот на војната во Украина мора да биде во согласност со меѓународното право

Постојат силни причини да се верува оти во војната меѓу Израел и палестинските милитанти од Хамас се извршени воени злосторства. Во однос на американските напади врз бродови во близина на Венецуела, Гутереш оцени дека тие не се во согласност со меѓународното право.

Крајот на војната во Украина треба да биде во согласност со меѓународното право, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

  • Верувам дека сè уште сме далеку од решение, рече Гутереш на конференцијата „Ројтерс некст“ во Њујорк.

Гутереш додаде дека САД одиграле клучна улога во отстранувањето на пречките за испорака на помош во Појасот Газа.

Тој посочи дека постојат силни причини да се верува оти во војната меѓу Израел и палестинските милитанти од Хамас се извршени воени злосторства. Во однос на американските напади врз бродови во близина на Венецуела, Гутереш оцени дека тие не се во согласност со меѓународното право.

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

To top