Македонија

Кривична пријава за ексградоначалникот на Струмица, Костадинов

Од МВР велат дека со ваквото однесување осомничените можеле сериозно да ја загрозат безбедноста, квалитетот и реалната вредност на набавените возила.

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, заедно со уште пет лица, е осомничен за нерегуларности во набавката на десет електрични автобуси за ЈП „Струмица-Транспорт“ во вредност од 429.933.595 денари (околу 7 милиони евра).

Според полициската истрага, тендерот бил скроен според карактеристиките на конкретен модел автобуси, со што е овозможено претходно договарање. Дополнително, целата техничка постапка – од изработка на тендерската документација, преку евалуација до надзор на реализацијата – била доверена на лице кое поседувало само лиценца „Б“ и немало потребна лиценца „А“ за електротехника, ниту пак стручни квалификации за ваков проект.

Комисијата за јавни набавки (К.Б., Л.Ј. и Л.Ѓ.) го ангажирала истото неквалификувано лице за технички надзор, а директоротогашен директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“, Д.П.С., го потпишал договорот без да провери дали постапката е законска.

Од МВР велат дека со ваквото однесување осомничените можеле сериозно да ја загрозат безбедноста, квалитетот и реалната вредност на набавените возила.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top