Свет

Пет часа разговори во Кремљ: Путин го оцени состанокот со американската делегација како „многу корисен“

Рускиот претседател Владимир Путин, во интервју за индиското издание „Индија тудеј“, го оцени како „многу корисен“ состанокот во Кремљ со специјалниот претставник на САД, Стивен Виткоф, и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Рускиот претседател Владимир Путин, во интервју за индиското издание „Индија тудеј“, го оцени како „многу корисен“ состанокот во Кремљ со специјалниот претставник на САД, Стивен Виткоф, и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа средба, што траела околу пет часа, се однесувала на предлозите за решавање на конфликтот во Украина.

Путин истакна дека американските предлози се базираат на договорите од претходниот самит меѓу претседателите на САД и Русија на Алјаска. Американската страна го поделила 28-точниот план на Трамп во четири пакети, предлагајќи дискусија по одделни теми. Тој нагласи дека постигнувањето консензус е „тешка задача“, бидејќи морал секоја точка да ја разгледа детално, а имало и предлози со кои Москва не се согласила, околу кои се воделе разговори.

Во врска со ситуацијата во Украина, Путин повтори дека жителите на регионите Донецк и Луганск не сакаат да останат во составот на земјата, што го изразиле на референдум. Тој потсети дека Русија ѝ предложила на Украина да ги повлече трупите од Донбас и да не започнува воени операции, но Киев одлучил да влезе во војна.

„Русија ќе ги ослободи Донбас и Новорусија во секој случај, со воени или други средства“, изјави Путин, додавајќи дека Москва се обидува да изгради односи меѓу ДНР и ЛНР со Украина, но Киев не ги признава овие региони.

Интервјото е дадено пред две-дневната посета на Путин на Индија, а американската делегација по средбата во Москва ќе се сретне со украинската страна во Флорида.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top