Македонија

Костадинов ги отфрла сомнежите – тврди автобусите имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити

Реакција по кривичната пријава за него

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ги отфрли наводите дека додека бил на функцијата злоупотребил постапка за јавна набавка на 10 електрични автобуси.

„Проектот од стратешко значење за Струмица од кој денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно сообраќајно претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот“,пишува Костадинов во објавата на Фејсбук.

Додава дека е уверен оти овие чекори се спроведени согласно важечките закони.

Во реакцијата објавена на својот фејсбук-профил, Костадинов вели дека не би сакал да дава политички коментар во врска со случајот и додава дека им останува на располагање на надлежните органи за, како што вели, да биде појаснето на каков начин е спроведен проектот за кој рече дека функционира беспрекорно.

 

Претходно денеска струмичката полиција поднесе кривични пријави против Костадинов и пет други лица поради злоупотреба на постапката за јавна набавка на 10 електрични автобуси во вкупна вредност од 6,9 милиони евра.

 

Кривична за екс градоначалникот на Струмица

Најнови вести од: Македонија

Кривична пријава против градоначалникот на Струга за „несовесно работење“, незаконски назначил в.д. директор на „Водовод и канализација“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Мицкоски за најавениот протест: Нe дозволувајте да бидете алатка на партија која живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика кандидатите кои треба да го полагаат правосудниот испит да не дозволат да бидат искористени како алатка во рацете на една опозициска политичка партија „која сѐ уште живее во минатиот век“.

Трипуновски: Еве колку беа задоволни земјоделците во време на СДСМ (ВИДЕО)

Му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“ пишува Трипуновски во објавата на Фејсбук.

To top