Македонија

Владата ќе набави 100 амбулантни возила

Министерството за здравство ќе спроведе набавка на амбулантните возила со одложено плаќање на 5 години

Владата планира да набави 100 нови амбулантни возила, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

На последната седница на Владата е донесена одлука Министерството за здравство да спроведе набавка на амбулантните возила со одложено плаќање на 5 години.

„На последната седница на Владата помина Одлука со која се задолжи Министерството за здравство да набави 100 амбулантни возила во текот на наредната година, со одложено плаќање на 5 години. Од разговорите со министерот за здравство Азир Алиу, најверојатно 80 возила ќе бидат набавени во 2026 година, а останатите 20 возила во наредната 2027 година“, изјави Томовски во гостување на Сител.

Тој додаде дека покрај амбулантните возила, се очекува и набавка на противпожарни возила.

Најнови вести од: Македонија

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top