Македонија

Бошков: Бизнис конфедерацијата на Македонија генерално е „за“ минимална плата од 500 евра

„Нам ни е многу битен образот и конкурентноста и ние мораме да се договораме со синдикатите и со Владата каква порака ќе испратиме за привлекување на странски директни инвестиции и за квалитетот на животот на работниците во земјава.“ – изјави претседателот на Бизнис-конфедерацијата на Македонија Миле Бошков.

Миле Бошков посочува дека се генерално „за“ минимална плата од 500 евра, но со одредени исклучоци, особено кај самостојните вршители на дејност и микро и малите компании, кои сами за себе обезбедуваат работа и плата. „Од вчерашниот состанок со синдикатите се договоривме дека мораме да преговараме, мораме да развиваваме колективно преговарање на секторско ниво, затоа што минималната плата е инструмент кој гарантира стандард на работниците, меѓутоа не ја отсликува правата состојба и на потрошувачката кошничка и на животниот стандард на работниците, а уште помалку на исполнителноста на задачите на работниците. Секој во секој сектор, нагласи Бошков, мора да знае неговиот работник колку работи и не може тоа да биде паушално кажано за сите и од друга страна.“ – изјави Бошков.

Тој укажа и дека тие како организација не е можно да ги застапуваат само бизнис интересите на скопските компании. „Ние сме за. Ние за да можеме да го подигнеме нивото, како организација на работодавачи соработуваме и со занаетчиите, тие се нашите партнери. Ние точно знаеме самостојните вршители на дејност во Гостивар, во Виница, во Тетово, во Струмица го немаат истото ниво на економски обем како во Скопје и ние како национална организација мораме тоа да го соопштиме – изјави Бошков.

Запрашан дали како конфедерација прават анализи колку од работниците се задоволни од платата и приходите што ги добиваат, Бошков одговара ека постојано прават анализи, но и дека плата и пари секогаш недостасуваат, а задоволството и припадноста во една компанија за некои работници и компании е примарно. „Правиме анализи секогаш. Ако некој е убеден дека е задоволен од својата работа и професија, тогаш работи лојално и со волја и изнаоѓа начин како да биде продуктивен и задоволен од тоа .“ – изјави Бошков.

Според него, вообичаено македонскиот работник добива плата помеѓу минималната и просечната плата, за кое, како што рече „нема протести и штрајкови во однос на платата во приватниот сектор“. „Тоа се факти. Секогаш има можност да се подобрат состојбите и секојпат се преговара. Во одредени компании тоа е многу често, меѓутоа генералната слика дека може да се зголемат платите стои и точно е, меѓутоа и дека има многу незадоволни работници, исто така, стои .“ – посочи Бошков.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

Премиерот најави за 5% до 10% пониски сметки за струја за граѓаните

Владата подготвува потрошувачко портфолио кое треба да биде усогласено со „ЕВН Хоум“ и државната компанија ЕСМ, со цел да се обезбеди пониска цена на електричната енергија за граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заеднички состанок со компаниите ќе се одржи оваа или следната недела. Премиерот информира и дека се ​консолидирани акумулациите, кои во април, односно јуни пред две години беа на 7%, сега се на 80% исполнетост.

To top