Свет

Европа во шок од новата Национална безбедносна стратегија на САД

Вашингтон зборува за негување отпор кон моменталната траекторија на движење на Европа што се доживува како сериозен напад врз вредностите на Стариот континент

Новата безбедносна стратегија на САД во голем дел од Европа е доживеана како шокантна.

 

Таа меѓу деугото  ги открива европските планови за промена на режимот на Стариот континент.

 

Европските престолнини денес се вознемируваат по објавувањето на новата Национална безбедносна стратегија на САД, која дел од својот фокус го насочува на состојбата во Европа, и воедно повикува на повторно ангажирање и „стабилност“ со Русија.

 

„Деновите кога Соединетите Американски Држави го поткрепуваа целиот светски поредок како Атлас се завршени“, се тврди во документот од 33 страници.

„Меѓу нашите многубројни сојузници и партнери броиме десетици богати, софистицирани нации кои мора да ја преземат примарна одговорност за своите региони и да придонесат многу повеќе за нашата колективна одбрана“.

Во истиот документ, тие посветуваат параграф по параграф за да опишат како Европа мора да го промени своето управување.

„Нашата цел треба да биде да ѝ помогнеме на Европа да ја поправи својата сегашна траекторија“, се наведува во документот.

Ова треба да се направи преку „негување на отпор кон сегашната траекторија во рамките на европските нации“, се наведува во него.

„Растечкото влијание на патриотските европски партии навистина дава причина за голем оптимизам“, стои во делот од стратегијата посветена на Европа.

 

Во продолжение најважните поенти за Европа во новата Национална безбедносна стратегија на САД која во ЕУ е дочекана како напад иако истата беше најавена од Стејт Департментот на САД уште во Мај.

 

  • Повторно воспоставување услови за стабилност во Европа и стратешка стабилност со Русија;

• Овозможување на Европа да застане на свои нозе и да функционира како група на сојузнички суверени нации, вклучително и преку преземање на примарна одговорност за сопствената одбрана, без да биде доминирана од каква било непријателска сила;

• Негување отпор кон моменталната траекторија на Европа во рамките на европските нации;

• Отворање на европските пазари за американски стоки и услуги и обезбедување фер третман на американските работници и бизниси;

• Градење на здрави нации од Централна, Источна и Јужна Европа преку трговски врски, продажба на оружје, политичка соработка и културни и образовни размени;

• Крај на перцепцијата и спречување на реалноста за НАТО како сојуз што се шири постојано;

и

• Охрабрување на Европа да преземе мерки за борба против меркантилистичката прекумерна моќ

• технолошката кражба, сајбер шпионажата и другите непријателски економски практики.

 

 

Најнови вести од: Свет

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека, доколку не беа руската нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните“

Македонското знаме се развеа на ЗОИ 26 во Италија: оптимизам во МОК и меѓу нашите олимпијци за добри резултати од настапите (Видео)

Четворица спортисти ја претставуваат Република Македонија на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Јана Атанасовска е најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање. Ставре Јада е најискусен член на македонскиот олимписки тим, кому ова му е трето учество на Зимски олимписки игри, по настапите на Олимпијадата во 2018 година во Пјонг Чанг, во Јужна Кореја, и на Олимпијадата во 2022 година во Пекинг, во Кина. По настапот на претходната Олимпијада во Пекинг Ана Цветановска повторно ќе ја претставува Македонија во истите нордиски дисциплини. Четвртиот наш натпреварувач е Виктор Петков, кој последен влезе во државниот олимписки тим. Честа да го носат македонското државно знаме на вчерашната официјалната церемонија на отворањето на ЗОИ 2026 ја имаа Атанасовска и Јада.

80-годишен Италијанец под сомнение за учество во „снајперски туризам“ во Сараево

Покренувањето на истрагата во ноември 2025 година предизвика реакции кај преживеаните од опсадата и нивните семејства, кои изразија надеж дека ќе се утврдат одговорностите и ќе се изведат пред правдата лицата вклучени во овие наводни злосторства, дури и по три децении.

To top