Свет

Русија и Украина заедно загубија 2 милиони луѓе во војната

За споредба, СССР го напушти Авганистан откако изгуби 18.000 луѓе, САД го напуштивме Виетнам по загубени 58.000 животи

 

Размерот на оваа војна е невиден, Русија и Украина, земени заедно, загубија повеќе од 2 милиони луѓе, изјави Кит Келог, специјалниот пратеник на претседателот на САД, на форумот на Фондацијата Реган во Калифорнија.

Келлог направи споредба: „Советскиот Сојуз го напушти Авганистан, откако изгуби 18.000 луѓе. Ние го напуштивме Виетнам, откако изгубивме 58.000 луѓе. Размислете за тоа“.

Келлог рече дека е оптимист во врска со успешното завршување на мировните преговори. Тој верува дека „договорот за Украина е на завршната фаза“. Според него, склучувањето на договорот е попречено само од две точки: Донбас и нуклеарната централа Запорожје. „Последните 10 метри до целта се најтешки“, нагласи специјалниот пратеник на претседателот на САД.

Како можни алатки за притисок врз Русија, специјалниот пратеник на претседателот на САД посочи на економските мерки мнеѓу кои и ограничување на руската „флота во сенка“.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top