Македонија

Еден од најзаслужните што сега може брзо да се извади пасош и лична карта го доби одговорот што го посакуваше

Еден од најзаслужните за надминување на македонската ,,Пасошката криза” стапна на ,,Лудиот камен”

Човекот што меѓу колегите важи за идеен творец на решението на македонската ,,Пасошка криза” го доби одговорот што го посакуваше од адвокатката Ана Марија Михаилова.

Јован Алтанџиев кој е дел од МВР а е дел од тимот на министерот Панче Тошковски кој за кратко време го надмина проблемот со пасошите и личните карти кои не беа достапни во времето на СДСМ и екс министерот Оливер Спасовски, скокна на ,,лудиот камен”.

 

Алтанџиев ,,клекнал на колена” во градот на светлината Париз каде го добил судбоносното ДА од својата љубов.

Неговата партнерка Ана Марија Михаилова е една од најталентираните млади македонски  адвокати.

Младиот пар засега не ги објавува плановите за веселба.

 

Најнови вести од: Македонија

Зошто Османи ја лаже јавноста користејќи лажни вести на бугарски антимакедонист, прашува заменик спикерот

Лажната вест дека Македонија нема да добие бесплатен роаминг прв ја објваи бугарскиот портал Вестимак.мк кој на македонски јазик објавува антимакедонски статии. Овој портал го контролираат луѓе од Софија и Виктор Стојанов од бугарската фондација ,,Македонија”.

Вирусот „Западен Нил“ се шири низ Европа, најмногу во Италија и Грција

Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). 

ВМРО ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните болници, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИ

„За пожарот, кој се случи во модуларната болница во Тетово на 8 септември, на 10 септември 2021 година беше оформен предмет, кој потоа со години стоеше во фиока. Предметот за 19-те модуларни болници, кои беа поставени за време на ковид кризата, и каде во модуларната болница во Тетово животите ги изгубија 14 лица, а за време на Венко Филипче како министер за здравство, беше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, од криминалното СЈО, па кај трета обвинителка. Па сега обвинителот Ислам Абази да каже дека Филипче не бил виновен.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Внук од сопруг на актуелна пратеничка најави кандидатура за градоначалник на општина Брвеница

Дали Даути ќе се повлече од пратеничката функција ако нејзиниот внук ги загуби изборите како што се повлекла од висока партиска функција пред 4 години кога АА доживеа дебакл во Тетово

Првиот Скопски партизански одред како прва единица на НОВ на Македонија во борбата против фашистичките окупатори – 85 години од формирањето

На денешен ден пред 85 години е формиран Првиот скопски народноослободителен партизански одред — прва партизанска единица на НОВ во Македонија. Формиран е на 22 август 1941 година кај месноста Чифлик во близина на Скопскиот градски парк и опстојува до 2 ноември 1941 година кога се самораспуштил. Прв командант на одредот бил Чедомир Миленковиќ, а потоа, од 18 до 31 октомври, Љубомир Лековиќ. Политички комесар на одредот бил Даме Крапчев. Првиот Скопски партизански одред на почетокот бил составен од 12 припадници. Но подоцна нивниот број се зголемил на 42 борци од различна етничка припадност – Македонци, Срби, Албанци, Турци, Црногорци, Хрвати и Чеси. Сите тие се обединиле околу една единствена идеја – слободата, заради ослободување од фашистичкиот окупатор. Диверзантските акции биле основен белег на предпартизанскиот период и токму членовите на скопските диверзантски групи го сочинувале јадрото на првиот Скопски партизански одред. Денешната 85-та годишнина од формирањето на овој партизански одред е соодветна пригода за должно потсетување на јуначките дела на припадниците на оваа партизанска формација: Чедомир Миленковиќ, Дане Крапчев, Боте Боцевски, Невена Георгиева – Дуња, Раде Јовчевски – Корчагин, Благој Деспотовски – Шовељ, Стерјо Кранго – Дучо, Боро Ончевски, Боро Трајковски – Ѓуро, Ацо Смилковски, Павле Момчиловиќ и Светозар Томиќ. Од вкупно 42 партизани на одредот, 17 го загубиле животот во текот на Втората светска војна. По војната тројца борци од одредот – Раде Јовчевски – Корчагин, Боро Петрушевски и Александар Урдаревски – се прогласени како народни херои.

Денеска ќе се одржи 39. Охридски пливачки маратон – ќе пливаат 16 маратонци од Македонија и светот

Стартот на маратонот е предвиден во 11 часот од Свети Наум, а целта е на Градското пристаниште во Охрид, околу пет часа по стартот, зависно од условите на патеката. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина, од кои 11 се во машка и пет во женска конкуренција,  ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева.

Пеколна ноќ кај тетовското планинско село Церово: Пожарникарите цела ноќ во битка со огнената стихија

Тетовските противпожарни екипи во текот ноќта водеа битка за локализирање на пожарот кај селото Церово во селската општина Желино, во тетовскиот регион. Церово се наоѓа на западните падини на Сува Гора, на надморска височина од 780 метри. Раководните лица на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Тетово беа на теренот и директно ја координираа состојбата со пожарот, за да се спречи негово натамошно ширење кон околината.

Најнови вести

To top