Македонија

Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот предлог буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој

Според неа, проекциите за 2026 година укажуваат на континуитет на економската стабилност и раст

Во Собранието денеска почна расправа по Дополнетиот предлог буџет, со кој, според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, се продолжува со макроекономската стабилност, фискалната консолидација, се обезбедува економски раст, како и средства за сервисирање на сите обврски вкучително и исплаќање на еврообврзницата.

Растот на БДП во 2026 година е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од планираниот БДП.

Димитриеска Кочоска пред пратениците рече дека очекува аргументирана и конструктивна расправа насочена кон најдоброто решение.

Според неа, проекциите за 2026 година укажуваат на континуитет на економската стабилност и раст, заснован на одговорни фискални политики, инвестиции во инфраструктура и човечки капитал, како и поттикнување на продуктивноста и конкурентноста на домашната економија.

– Буџетот е изготвен врз основа на постигнатите економски резултати и очекувањата за продолжување на позитивните трендови. Водевме сметка за реалноста во проекциите, економичноста и ефективноста во планирањето, со цел да обезбедиме стабилен развој, редовно функционирање на институциите и навремена исплата на сите обврски. Овој Буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност, доверба и развој. Јасна потврда за одговорното управување со јавните финансии кое го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече министерката за финансии.

Во време на глобални неизвесности, посочи министеркатам остануваме на патот на фискална стабилност и предвидливост. Покажавме дека може рационално да се управува со јавните финансии, а истовремено да се обезбеди сигурност за граѓаните, компаниите и институциите. Буџетот за 2026 година е потврда дека економските политики ги водиме со внимание, одговорност и стратегија – без импровизации, без популизам и без краткорочни калкулации. Со овој документ продолжуваме да ја зајакнуваме довербата во институциите, да го поддржуваме приватниот сектор како двигател на растот и да градиме услови за уште посилна динамика на инвестициите – домашни и странски, рече Димитриеска Кочоска.

Во тек на расправата за буџетот во матичната Комисија за финансирање и буџет од околу 200 амандмани беа прифатени шест. Со нив се обезбедуваат средства за: кадровско зајакнување на Оперативно-техничката агенција, реконструкција и проширување на натпатникот на патниот правец Штип–Чардаклија, отворање три психосоцијални центри за млади, опремување на службите за итна помош со комплети за прва помош и кислородни боци и реконструкција и внатрешно уредување на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар.

На почетокот на седницата на Собранието, парламентарното мнозинство прифати по скратена постапка да се донесат Предлог на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2026 година, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите по скратена постапка.

 

Најнови вести од: Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Само македонски изведувачи за Новата година – Тамара Тодевска и Каролина Гочева во фокус

Скопје се подготвува за магичното дочекување на Новата 2026 година со богата прослава на плоштадот „Македонија“, чии главни ѕвезди ќе бидат познатите македонски пејачки Тамара Тодевска и Каролина Гочева.

Наскоро ќе се распише тендер за набавка на 80 електрични автобуси за Скопје

Ако се земе предвид сето она што досега го реализирал премиерот, Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, верува оти наредната година граѓаните на Скопје, конечно, по многу години, ќе добијат соодветен градски превоз.

Гаража во Скопје продадена за 30.000 евра, становите во Охрид поскапи за 27%

Најмногу купопродажби во првото шестмесечје од 2025 година се направен во Аеродром – 562, Гази Баба – 555 и Карпош – 527 купопродажби, а најмалку во Бутел, 176 купопродажби. Највисока вкупна вредност на остварена цена од направените купопродажби за овој период постигната е во Центар, 65,8 милиони евра, Карпош, 56,7 милиони евра, Аеродром, 47,9 милиони евра, а најниска во Штип, 10,0 милиони евра.

Нема Новогодишна кошница – таквите мерки имале само привремен ефект, велат од Влада

Државниот пазарен инспекторат повторно ќе излезе на терен заедно со Комисијата на заштита на конкурентност, уште еднаш да направат детална инспекција на маркетите и да се констатира нивното однесување. Сепак, тоа не значи и дека Владата ќе воведе мерки за заштита на потрошувачите.

Најнови вести

To top