Македонија

Египќанец, екс советник на Заев се крена и против мигрантите од Египет

Десетина Египќани годинава барале азил во Македонија

По дадената поддршка против прием на мигранти на лидерот на СДСМ Венко Филипче, претседателот на Сојузот на Балканските Египќани Рубин Земон стана предмет на анализа.

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ со доза на иронија прашува како Рубин Земон ќе им објасни на своите членови дека е против прием на мигранти меѓу нив и Египќани во Македонија.

,,Според некои информации, десетина Египќани годинава се баратели на азил во Македонија.

Рубин Земон цврсто се противи на прием на азиланти.

Нека им објасни сега во партијата, ама и јавно зошто да не им се даде азил на овие луѓе.

Рубин Земон, опишан како претседател на Сојузот на Балканските Египќани и како прв пратеник од оваа етничка заедница во Македонија.

Рубин Земон, на времето советник на Зоран Заев за “Национална стратегија Ено Општесво”.

Ене го Рубин со Венкота фотографиран стамено стоејќи “на браникот против мигранти и азиланти”. Па и од Египет.

Кич, политички кич, сервисиран со лага и бесрамност.

Вака испаѓа дека само Рубин смее да биде Египќанец во Македонија”, пишува Стоилковски користејќи знак за смеење во постот.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top