Бизнис

Спектакуларно отворање: „Џамбо“ и „Веро“ станаа новата омилена дестинација во „Гевгелија мол“

Во празнична атмосфера и со голема посетеност, овој викенд официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет во „Gevgelija Mall“

Во празнична атмосфера и со голема посетеност, овој викенд официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет во „Gevgelija Mall“. Популарниот бренд со оваа капитална инвестиција ја зацврсти својата позиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство на локалното население.

Првиот ден од отворањето беше исполнет со забавна програма за семејства и најмладите. Посетителите уживаа во музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори маркетот во вистински центар на забава и забава за целото семејство.

Новиот објект се протега на површина од 3.000 метри квадратни и нуди повеќе од 20.000 производи – од артикли за домот, играчки, декорации до сезонски изненадувања. Посебен интерес предизвикува интеграцијата на асортиманот на ВЕРО, што им овозможува на купувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството.

Генералниот директор на ЏАМБО и ВЕРО, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа.

– Горди сме што со оваа инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме регионален магнет кој ќе привлекува купувачи не само од градот, туку и од околните места – изјави Денковски.

Менаџментот на компанијата најави дека експанзијата продолжува и следната година со отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО ќе го заокружат своето присуство во југoисточниот дел на Македонија.

Маркетот во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи иновативни решенија и широк асортиман на производи, под препознатливиот слоган: „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top