Свет

Претставници на Трамп пристигнаа во Берлин на разговори за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го потврди своето доаѓање во германската престолнина

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на претседателот на САД Доналд Трамп, пристигнаа во Берлин, каде ќе го предводат американското претставништво на разговорите за прекин на огнот во Украина.

Се очекува разговорите да се одржат меѓу американската делегација, претставници на Украина и претставници на клучните европски сили. Засега не се соопштени детали за времето и форматот на средбите.

Почетните разговори ќе се водат на ниво на советници и зад затворени врати, без објавување дополнителни информации за содржината.

Во Берлин пристигнува и Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го потврди своето доаѓање во германската престолнина. Портпаролот на германската влада, Штефан Корнелиус, во петокот најави дека Зеленски утре ќе се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Виткоф на почетокот на месецов оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин. За време на разговорите, Путин изразил подготвеност за понатамошни преговори, но истовремено нагласил дека Русија ја има стратешката иницијатива и дека, доколку не се постигне договор, ќе продолжи со остварување на своите воени цели со сила.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top