Бизнис

Милијарди се во игра: Колку навистина заработуваат најбогатите луѓе во светот?!

Според извештајот, најбогатите 10 проценти од глобалната популација контролираат околу 75 проценти од светското богатство. Авторите на извештајот предупредуваат дека овие екстремни разлики меѓу богатите и сиромашните станале неодржливи.

Помалку од 60.000 луѓе, што сочинуваат само 0,001 процент од светската популација, контролираат три пати повеќе богатство од целата сиромашна половина од човештвото, открива новиот Извештај за светската нееднаквост 2026. Извештајот, кој го подготвија повеќе од 200 истражувачи, открива дека најбогатите 10 проценти од луѓето заработуваат повеќе од преостанатите 90 проценти заедно, додека сиромашната половина од светот поседува помалку од два проценти од вкупното богатство, објавува „Гардијан“.

Според извештајот, најбогатите 10 проценти од глобалната популација контролираат околу 75 проценти од светското богатство. Авторите на извештајот предупредуваат дека овие екстремни разлики меѓу богатите и сиромашните станале неодржливи.

  • „Свет во кој мало малцинство поседува огромна финансиска моќ, додека милијарди луѓе немаат основна економска сигурност, бара итна акција“, велат истражувачите.

Од 1995 година, уделот на глобалното богатство порасна од околу четири проценти на повеќе од шест проценти, додека богатството на мултимилионерите се зголеми речиси двојно побрзо.

Извештајот, исто така, истакнува дека нееднаквоста не е само економска, туку влијае и на образованието и животните шанси. На пример, трошоците за образование по дете во Европа и Северна Америка се повеќе од 40 пати повисоки отколку во подсахарска Африка. Глобалниот финансиски систем, исто така, придонесува за нееднаквоста – богатите земји можат да позајмуваат и инвестираат по поповолни услови, давајќи им дополнителна предност.

Еден од авторите дури предлага и глобален данок од три проценти за најбогатите милијардери, што би можело да собере околу 750 милијарди долари годишно за образование во земјите со ниски и средни приходи.

Извештајот, исто така, ја истакнува родовата нееднаквост: жените сè уште заработуваат значително помалку од мажите, а кога се вклучува и неплатената работа, јазот е уште поголем. Исто така, богатите имаат поголемо влијание врз климатската криза. Сиромашната половина од светот е одговорна за само три проценти од емисиите на јаглерод, додека најбогатите 10 проценти учествуваат во околу 77 проценти од емисиите. Авторите на извештајот бараат ефикасни политики за оданочување, прераспределба на богатството и јавни инвестиции во образованието и здравството како клучни мерки за намалување на нееднаквоста. Тие истакнуваат дека средствата постојат, но дека е потребна политичка волја за спроведување на промените.

Најнови вести од: Бизнис

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

Најнови вести

To top