Македонија

Бугарски претставници воопшто не сакале да се сретнат со македонски функционери

За какви гаранции од Бугарија зборуваме ако не можеме еден состанок да организираме

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Сител откри дека бугарски претставници воопшто не сакале да се сретнат со македонски функционери.

Мицкоски вели дека на иницијатива на влијателни членки на ЕУ  политичари во Брисел требало да дојде до состанок меѓу министрите за надворешни работи но од Бугарија воопшто немало никаков одговор.

Ако вие не можете да договорите обичен состанок тогаш за какви гаранции од Бугарија зборуваме, прашува премиерот Мицкоски

Целото интервју со Мицкоски

Најнови вести од: Македонија

Заврши доказната постапка против Андов, екс директорот на Шутка од СДСМ, судењето продолжува со завршни зборови

Филип Андов – Сокол и уште неколку вработени во затворот се обвинети дека овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби. Претходно пред Судот тие изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека Обвинителството дел од нив ги гони за злоупотреба на службената положба, а дел за несовесно работење во службата.

Венко потврди: Екипата од јахтата на Заев ќе биде дел од новото раководство на СДСМ

Новото раководство треба да биде потврдено на денешната седница на Централниот одбор. Во синоќешното интервју за „360 степени“ на МРТ, Филипче рече дека веќе е готов списокот со лицата кои ќе бидат дел од новото раководство и оти тоа наводно ќе биде комбинација од искусни и млади луѓе.

Газдата на „Дурмо турс“, бара одложување на казната затвор со образложување дека треба да мирува после операција на тестисите

Дурмиш Белули, сопственикот на гостиварската транспортна компанија „Дурмо турс“, осуден на десет години затвор за автобуската трагедија кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, повторно побара одложување на издржувањето на казната во КПУ „Идризово“, повикувајќи се на здравствени причини.

Резолуцијата на Филипче се уште не доставена во Собрание: Стојановски најавува кривична одговорност за лажни вести и манипулации

Опозициската СДСМ со денови јавно ја повикува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати нивната резолуција, која, според власта, би отворила врата за примање мигранти во Македонија. Меѓутоа, од Собранието потврдуваат дека резолуцијата на СДСМ сè уште не е доставена.

To top