Македонија

Грција ја предупреди Македонија да не се самонарекува така ни дома!

МНР на јужниот сосед реагира на изјавата на Мицкоски дека ефективно ја вратил употребата на „Македонија“ на домашно ниво

Министерството за надворешни работи на Грција ја предупреди Македонија доследно да го почитува Преспанскиот договор во делот на употребата на државното име, реагирајќи на изјавите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека ефективно ја вратил употребата на „Македонија“ на домашно ниво.

Грчкото МНР нагласува дека договорот од Нивици „е дел од Уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво“.

Министерството потсетува дека уставното име на северниот сосед е експлицитно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор и предупреди дека „секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот никогаш нема да биде прифатен од грчката страна“.

Во реакцијата се додава и дека договорот „е дел од меѓународното право, а неговото почитување е основа на мирниот соживот на луѓето и на државите“.

„Во меѓународните договори нема фактички ситуации; нивното спроведување е униформно и универзално“, соопшти Министерството, истакнувајќи дека напредокот во билатералните односи и патот на Македонија кон ЕУ „бараат строго почитување на договорите и почитување на принципот на добрососедски односи“.

Најнови вести од: Македонија

Ахмети „гори од љубов“: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Бучковски и Црвенковски!

„Секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот договор!“ – кажа во заканувачки тон лидерот на ДУИ Али Ахмети во расправата за 25 години од Рамковниот договор.

Охридското езеро ќе се порибува со 1,6 милиони единки пастрмка годинава

Охридското Езеро годинава се планира да биде порибено со околу 1,6 милиони единки на ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информира заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од пожарите во Грција

Македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефон на Министерството +389 75 268 736 или на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.

To top