Македонија

Апел: Ранливите категории скопјани да останат дома

Се препорачува на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар

 

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, предупредува Министерството за животна средина и просторно планирање.

Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите  каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Согласно настанатата состојба за  мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат важат следните мерки:

  • Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола
  • Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати
  • Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци
  • Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила
  • Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата
  • Забрана на горење на отворено
  • Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар
  • Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот
  • Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

Најнови вести од: Македонија

„За мене постои само Република Македонија без придавки“, рече Kалиопи и го најави големиот концерт

Калиопи на прес-конференција го најави големиот концерт што ќе го одржи на 17 октомври во скопската арена, но дел од нејзиното обраќање беше посветен и на името на државата, како и на новото име на големата сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Големата сала од крајот на јули функционира под името „Т Арена“, по партнерството […]

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top