Македонија

Сиљановска-Давкова: Со донацијата во Хидробиолошкиот завод – Охрид, ТИКА повторно на дело го докажа турско-македонското пријателство

Ќе се надминат хроничните проблеми со коишто се соочува една од најстарите македонски институции

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид, заедно со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, присуствуваше на примопредавањето на донацијата на Хидробиолошкиот завод – Охрид од страна на Турската агенција за развој и соработка, ТИКА.

Покрај теренско возило, ТИКА овозможи темелно реновирање и опремување на лабораториските и помошните простории во одделенијата за фитопланктон и за зоопланктон. Со тоа, како што истакна претседателката, ќе се надминат хроничните проблеми со коишто се соочува Хидробиолошкиот завод – Охрид. Таа искажа благодарност до пријателска Турција и до ТИКА за благородниот чин на поддршка на науката и заштитата на чисто Охридското езеро. Истовремено, Сиљановска- Давкова ги поттикна државните институции да го следат
примерот на ТИКА.

„Очекувам, оваа важна поддршка, да ја инспирира државата, бидејќи таа е најодговорна, да има свој удел во кадровското доекипирање на 10-те одделенија“, додаде претседателката.

За неа, потегот на ТИКА отвора простор за поширока и подлабока македонско-турска соработка и во други области: во економијата, во образованието, во културата и во туризмот.

Директорката на Хидробиолошкиот завод – Охрид, Орхидеја Тасевска истакна дека донацијата на ТИКА за нив претставува нов импулс за натамошна посветена и одговорна научна работа.

За претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, денешната церемонија ги зацврстува пријателските македонско-турски односи.

Амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој потенцираше дека двете земји имаат традиција на добри односи. Истакнувајќи дека во Охрид, заедно живеат Македонци, Турци, Албанци и други, изрази подготвеност и натаму да придонесуваат за заштита на градот и природните убавини.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Почитувани,

Пред само три месеци беседевме во грандиозната „Св. Софија“, по повод 90 години од основањето на Хидробиолошкиот завод – Охрид, најстарата македонска научноистражувачка институција. Се навративме на историјата и на големите успеси, но ги нотиравме и предизвиците со кои се соочувате. Помнам дека ја акцентиравте потребата од инвестирање во опрема и подобрување на условите за работа.

Се радувам што денес, благодарение на донацијата на ТИКА, од страна на пријателска Република Турција, ќе се надминат големи проблеми со коишто се соочува Хидробиолошкиот завод – Охрид. Неспорно е дека станува збор за значајна и голема инвестиција насочена кон темелно реновирање и опремување на лабораториските и помошните простории во Одделението за фитопланктон и Одделението за зоопланктон, како и донација на теренско возило.

ТИКА повторно ја докажува на дело големата поддршка на македонската држава и на граѓаните, за што сме особено благодарни. Се разбира, останува отворен просторот за поширока и за подлабока македонско-турска соработка во економијата, образованието, науката, културата и туризмот, како и опстојување и зацврстување на пријателството.

Се разбира, со оглед на сложената и одговорна улога на Хидробиолошкиот завод – Охрид, очекувам надлежните државни институции да го преземат својот удел во инвестирањето и во кадровско доекипирање на 10-те одделенија, секое со свои потреби и приоритети, покрај заедничките!

Ви посакувам добро физичко и духовно здравје и големи образовни и научни успеси, но и чисти езера со здрава флора и фауна!
На ТИКА , пак, ѝ посакувам да ја продолжи хуманата и благородна мисија!

Ви благодарам.

Најнови вести од: Македонија

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top