Македонија

Николоски: Наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка за еден народ

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската заедница како најголема цивилизациска придобивка, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.

“Има многу заднички што можеме да кажеме и заеднички да споделиме меѓу двата народи и двете држави, а секако наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка која што еден народ може да ја има. Горд сум што можам да кажам дека Македонија тоа го овозможува на сите припадници на турската заедница, на турскиот народ кој што живее во Македонија и ова е нешто што треба заеднички да го градиме и надградуваме затоа што нашите јазици коегзистираат со векови и тоа е цивилизациска придобивка која мора да ја надградуваме со децениите и вековите кои што доаѓаат пред нас.

Нема поблизок народ за мекедонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и затоа треба да заеднички да создаваме уште подобри услови за изучување на турскиот јазик и наставата на мајчин турски јазик. Нека е со среќа и да е за многу години, а ние заеднички да го зајакнуваме партнерството меѓу македонскиот и турскиот народ”- се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Спиропали, шефицата на албанската дипломатија на 22-23.12.2025 во посета на Македонија: средби со државниот врв, лидерите на Вреди и ДУИ Ахмети

„За време на официјалната посета министерката за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија Елиса Спиропали ќе ја потврди силната поддршка за европската интеграција на Македонија, нагласувајќи дека проширувањето на ЕУ останува стратегиски инструмент за мир, стабилност и демократска стабилност во Југоисточна Европа. Во центарот на вниманието на средбите ќе биде и проектот Коридор 8 како стратегиски проект за енергија и безбедност, кој го поврзува Медитеранот со Црното Море.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Послеконгресни незадоволства во ДУИ – Мурати: Тоа е куќа со скапани темели! Лесковица: Во неа не остана ниту буквата „Р“ од реформите!

„Конгресот на ДУИ, за кој се трубеше како за процес на длабоки реформи, предизвика бранови на реакции од личности, кои некогаш беа на клучни позиции во извршните и локалните структури на оваа партија. Поранешни вицепремиери, поранешни министри и други функционери го опишаа процесот како ‘фасада’“ и „прикриен авторитаризам’, оставајќи ги настрана принципот на меритократија и заслугите.“ – објави ТВ Алсат во својата анализа со наслов „Конгресот на ДУИ, незадоволство од изборите на Ахмети“.

ТАВ Македонија: Слетаа и полетаа 13 авиони, откажани 20 лета, пренасочени две линии

Бидејќи временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија.

Покрај во авионскиот, маглата прави проблеми во и патниот сообраќај

Од УХМР најавуваат дека маглата ќе се задржи по котлините до крајот на денот, а појава на магла се очекува и утре и задутре. Кон крајот на утрешниот ден и во наредните денови, под влијание на влажни воздушни бранови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, на места пообилни, додека на планините и повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Образованието на мајчин јазик не е само потреба, туку длабока цивилизациска вредност, рече премиерот

Во честитката која премиерот ја објави на социјалната мрежа Фејсбук, се нагласува дека наставата на турски јазик е нераскинлив дел од македонското историско и општествено наследство, кое директно придонесува за градење на образовен систем темелен на почит и еднаквост.

Најнови вести

To top