Македонија

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д. државен јавен обвинител

На денешната седница, таа беше единствениот предлог за оваа клучна позиција во правосудниот систем

Советот на јавни обвинители денеска со едногласна поддршка ја избра Анита Тополова Исајловска за вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител.

На денешната седница, таа беше единствениот предлог за оваа клучна позиција во правосудниот систем.

Тополова-Исајловска доаѓа на оваа функција од позицијата заменик јавен обвинител, каде што помина подолг временски период.

Вршителот на должност јавен обвинител се назначува согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, а се определува од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство. Должноста ќе ја извршува до именување на нов државн јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top