Македонија

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“

Овие празници подарете моменти на среќа на оние што ви значат

Новогодишниот период носи посебна атмосфера – време кога сме поблиску едни до други, славиме нови почетоци, истовремено осврнувајќи се на годината што изминува. Во овие празнични денови секогаш го бараме идеалниот подарок што ќе ги израдува нашите најблиски. Вистинската вредност на подарокот се мери со насмевките и среќата што ја носи, па токму затоа овој период е совршен за подарување шанса за среќа.

Шареноликата понуда на инстант лозови на Државна лотарија, во ковертите „Среќа плус“ со разновидни дизајни, наменети како подарок за различни поводи се токму тоа – симболичен гест, којшто во мал коверт носи шанса за големи добивки.

Со „Среќа плус“ не подарувате само инстант лоз – подарувате мигови исполнети со надеж, исчекување и можност новата година да започне со убави изненадувања. Во еден коверт „Среќа плус“ се кријат можности за исполнување на многу новогодишни желби – сопствен стан, автомобил, мотор и големи парични добивки.

Инстант лотаријата ја дополнува магијата на празниците, носејќи ја шансата соништата да се претворат во реалност. Овие празници подарете моменти на среќа на оние што ви значат, затоа што најубавите подароци се оние што носат надеж, радост и верба дека убавите изненадувања се поблиску отколку што мислиме и нѐ потсетуваат дека среќата е насекаде околу нас!

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

Мицкоски: Македонија има потреба од самодоверба

Доста бевме „Македончиња“, треба да бидеме Македонци. Македонија има потреба од народ што верува во своите способности. Има потреба од институции што работат, економија што создава вредност, образование што создава знаење а не просечност, порача премиерот

Сали: Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во 2007, оти беше без одлука на владата, a протестите на ДУИ се политички мотивирани!

Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, изјави денеска Беким Сали од коалицијата Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Сали појасни дека новата постапка во Тетово веќе е започната, но овој пат ќе се води строго според законските прописи.

To top