Македонија

Мицковски до ДУИ и Ахмети: Подобро да излезат од Мала Речица и повеќе да не се враќаат. Груби им го покажа патот

Интегративците и лидерот се нападнати од сериозна политичка деменција, смета политичкиот аналитичар

Политичкиот аналитичар и колумнист Ивор Мицковски ја коментира на Фејсбук заканата од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека, ако излегле на улица, повеќе немало да се вратат додека не ги оствареле целите.

„Ставовите од типот: Ахмети го условува влезот во секоја идна влада со нејзин избор со бадентер, или пак изјавите од типот дека Ахмети ја срушил Југославија и дека ако излезел на улици, не се враќал дома – кажуваат дека ДУИ и лидерот се нападнати од сериозна политичка деменција, особено кога застапуваат позиции кои не можат никогаш да бидат прифатливи за мнозинскиот етникум и политички субјект (добро, освен ако не се кладат на Заев и Филипче, но тие мнозинство немаат ни дома), и дека навистина е подобро да излезат од Мала Речица и повеќе да не се враќаат.
Груби им го покажа патот…“, им порача Мицковски на „зелените“.

Најнови вести од: Македонија

Будрис: Македонија е на вистинскиот пат

Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа – истакна министерот за надворешни работи на Литванија на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Муцунски

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

To top