Македонија

Национален консензус за ЕУ, правда за Кочани – Сиљановска-Давкова се обрати пред Собранието

Ако ЕУ може да најде решенија за Украина и Молдавија, ќе се најде и за Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во годишното обраќање пред пратениците, повика на национален консензус и побара гаранции за евроинтеграциите.

Таа пред највисоките гости и дипломати упати повик за обединување околу стратешките цели на државата, нагласувајќи дека евроинтеграциите не се само административен процес, туку политички предизвик кој бара уставни измени и јасни гаранции од Европската Унија и Бугарија.

Претседателката на почетокот на својот говор се осврна на најболниот настан во изминатата година – трагедијата во Кочани, каде загинаа 63 лица, потенцирајќи дека претстојниот судски процес ќе биде лакмус-тест за довербата во правосудството и за реалната решеност за владеење на правото.

Во обраќањето таа говореше и за реформите во јавната администрација, иселувањето на младите, заштитата на животната средина, борбата против фемицидот и потребата од нулта толеранција кон корупцијата. Таа потсети дека функцијата на претседател не смее да разделува, туку да обединува, и најави конкретни чекори за зајакнување на институциите и правната држава.

„Без јасни гаранции од ЕУ и од Бугарија и без соодветни заштитни механизми, со уште една уставна промена ризикуваме да излеземе од процесот исто како што старецот на Хемингвеј излезе од морето – само со рибини коски, со соголен национален и културен идентитет“, предупреди претседателката. Таа потсети дека преговорите со ЕУ почнуваат и завршуваат со правосудството, а политичката волја е клучна за напредок.

Сиљановска-Давкова нагласи дека Македонија има суверено право на европско членство, но дека процесот мора да биде фер и транспарентен.

„Ако ЕУ може да најде решенија за Украина и Молдавија, ќе се најде и за нас“, рече таа.

Осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, каде загинаа 63 лица, претседателката истакна дека пожарот откри системски пропусти, култура на неказнивост и корупција.

„Кочани нѐ доведе до ѕидот на срамот“, рече таа, додавајќи дека судскиот процес ќе биде лакмус-тест за довербата во правосудството.

„Треба да ги оставиме обвинителите да обвинуваат, а судиите да судат. Политичарите мора да ги прекинат дневно-политичките препукувања на сметка на болката на семејствата“, порача Претседателката.

Според неа, од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне или трајно ќе ја изгуби довербата кај македонските граѓани.

„Овој процес е тест за реалната решеност за владеење на правото, а не само декларативно на хартија“, нагласи Давкова.

Во говорот, Сиљановска-Давкова се осврна на реформите во јавната администрација, иселувањето на младите и егзодусот на таленти, прекумерната урбанизација и загадувањето, заштитата на водите и шумите, борбата против фемицидот, кој го нарече „системски неуспех“ и побара нулта толеранција.

„Функцијата на претседател не смее да разделува, туку да обединува“, заклучи таа.

Што се однесува до судството, таа порача дека како претседател има обврска да ја брани неговата незавиност. Порача дека одлуките на Уставниот суд не смеат да бидат под влијание на политиката и најави дека за во Судскиот совет ќе предложи добри кандидати со професионален углед и знаење.

На годишното обраќање присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, поранешните претседатели на државата, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, претставници на судската власт, дипломатскиот кор, верските заедници и други високи гости.

Целиот говор на Сиљановска-Давкова на овој ЛИНК

Обраќање во Собранието на претседателката Сиљановска-Давкова

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

Опомени и казни: Инспекцијата на терен во општина Карпош

Покрај опомените до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

To top