Македонија

Владата одобри набавка на 100 нови амбулантни возила

Нови 100 амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра треба да бидат набавени за македонското здравство, одлучила Владата на вчерашната седница.

Нови 100 амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра треба да бидат набавени за македонското здравство, одлучила Владата на вчерашната седница.

„Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, подобра покриеност во урбаните и во руралните средини“ – напиша министерот за здравство Азир Алиу на својот Фејсбук профил.

Алиу информираше и за друга одлука поврзана со здравствениот систем: Владата одлучи паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје да биде запишан како државно земјиште, со што се отстранува правната пречка за потпишување договор меѓу Клиничкиот центар и ЈП „Градски паркинг – Скопје“.

„Со овој договор ќе се овозможи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање, но и воспоставување ред. Предвидуваме комплетен мониторинг на паркирањето, информативни табли и дигитален водич што ќе ги насочува граѓаните. Целта која ќе ја постигнеме ќе биде пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники“ – истакна министерот Алиу.

Овие одлуки се дел од напорите за подобрување на здравствената инфраструктура и услугите во земјата.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top