Македонија

Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофа, сега градиме иднина

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот на Град Скопје, при разгледувањето на Буџетот за 2026 година, се обрати со детална анализа на наследената финансиска и институционална состојба и постигнатите резултати во краток период.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот на Град Скопје, при разгледувањето на Буџетот за 2026 година, се обрати со детална анализа на наследената финансиска и институционална состојба и постигнатите резултати во краток период.

Тој истакна дека по „катастрофалното наследство“ од претходните раководства, Град Скопје чекори кон стабилизација, одговорно управување и реализација на клучни проекти.

Клучни точки од изјавата на Ѓорѓиевски:

„Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка на градот!

За девет месеци се реализирани приходи од 2.856.417.717 денари, што значи просек од само 317.379.746 денари месечно. За споредба, за само 40 дена реализиравме приходи од 659.493.349 денари, речиси двојно повеќе од било кој месечен резултат во минатото. На сметката на Град Скопје наследивме поразителни 40 милиони денари.

Наследивме презадолжени и девастирани јавни претпријатија и културни установи. Наследивме хаос во образованието. Наследството од Петре Шилегов и Данела Арсовска изнесува 2,9 милијарди денари во активни судски постапки.

На 08.11.2025 година јавните претпријатија немаа земено плата за месец септември. Со ребалансот на Буџетот овозможивме сите јавни претпријатија да ги добијат заостанатите плати. Тековните обврски кон добавувачи од 330 милиони денари се намалени на 236 милиони денари.

За само 40 дена направивме повеќе во образованието отколку што некои не успеале во цел мандат: градиме спортски терени во шест средни училишта, обезбедуваме прочистувачи на воздух за секоја училница, нова ИТ опрема, смарт табли, лаптопи, нови клупи и столчиња.

Обезбедивме средства за Луна паркот, за првата фаза од подземната сообраќајница кај „Лимак“, за кружниот тек во Ѓорче Петров. Ја решивме експропријацијата кај Момин Поток, продолжува изградбата на улицата, започнавме реконструкција на „Фрањо Клуз“ во Аеродром.

Успеавме да склучиме спогодба со Владата за 360 милиони денари за студентскиот превоз. По многу години, го исчистивме Град Скопје, а истовремено го украсуваме и му даваме новогодишен дух.

Кога се сака, сè се може. Кога се работи со желба и посветеност. Доаѓа времето кога нема да се прашуваме дали може подобро. Тоа подобро, реално ќе го живееме.“

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top