Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители донесол одлука да се поништи постапката за прием на слушатели од контроверзната 9та генерација на ова тело во кое се обучуваат идните судии и обвинители.
Академијата за судии и јавни обвинители беше тема на политички препирки и за деветтата генерација каде предходната влада имаше силен (не)видлив притисок за прием на кандидати
За деветтата генерација огласот беше распишан уште на 31 јануари 2023, меѓутоа досега не успеааја да се изберат кандидати.
Една од пречките беше електронското полагање тестови, за што немаше софтвер. Поранешната влада на СДСМ и ДУИ предлагаше да се полага писмено додека да се набави софтвер, а ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека на таков начин овие партии сакаат да протнат свои кадри.
Случајот се најде и пред Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и пред Управниот суд затоа што ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека Академијата не смее да продолжи со спроведување на процесот на прием во изборниот период кога требаше да се одржат претседателските и парламентарните избори во април и мај годинава.
Раководството на Академијата и директорката Наташа Габер Дамјановка, пак, беа на став дека ова не значи вработување, туку само прием на кандидати за едукација, односно за слушање почетна обука. Потоа Габер-Дамјановска, си поднесе неотповиклива оставка од директрската позиција.
Тогашниот министер за правда Кренар Лога и Наташа Габер беа прозивани дека се прави вештачки инжинеринг за листата на фаворити за идни судии и обвинители.
Одлуката за укинување на конкурсот е донесена со 6 гласови ЗА и 3 против.