Македонија

За 5.000 денари ќе се зголеми посмртнината

Mесечната задршка од пензиите од сегашните 140 ќе се зголеми за 10 денари односно на 150 денари

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ донесе одлука за зголемување на посмртнината за пензионерите од 35.000 на 40.000 денари, одлучи , со што семејствата на починатите корисници ќе добијат поголема финансиска поддршка во најтешките моменти, дознава Плусинфо.

Одлуката е донесена поради значително зголемените трошоци за погребни услуги во земјава, а мерката е иницирана од Регистрираната организација за Солидарен фонд.

За да се обезбеди финансиска стабилност на Солидарниот фонд, месечната задршка од пензиите се зголемува од 140 на 150 денари.

Според Станка Трајкова, член на Управниот одбор на ПИОМ и претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, ова минимално зголемување е неопходно за одржување на ликвидноста на Фондот.

„Бројот на пензионери постојано расте, а зголемувањето од 10 денари на месечно ниво создава значајни дополнителни средства кои овозможуваат навремена и сигурна исплата“, вели Трајкова.

Со зголемувањето на посмртнината за 5.000 денари, институциите настојуваат да го ублажат социјалниот притисок врз пензионерите и нивните семејства, во услови на продолжена економска неизвесност и раст на животните трошоци.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

To top