Свет

Откако вчера уби 100 луѓе, Израел објави дека крајот на војната во Газа близу!?

Израелската војска соопшти дека нападот бил насочен кон неколку членови на терористичката група Хамас

Ова го објави министерот за одбрана Израел Кац, цитиран од ДПА.

Вројот на жртви на палестинската територија вчера достигна најмалку 100 лица, јави Ал џезира..

„Се приближуваме кон крајот на операцијата во Газа“, рече Кац една недела откако еврејската држава ја заврши својата кратка војна со Иран.

Тој ги повтори целите на Израел во конфликтот – ослободување на сите заложници и пораз на исламистичката група Хамас. Војната беше предизвикана од Хамас и други палестински милитанти, кои започнаа невиден терористички напад врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во текот на викендот дека очекува наскоро прекин на огнот во конфликтот во Газа.

Сепак, не беше јасно на што се темели неговата изјава. Сега Кац се чини дека го потврдува оптимизмот на Трамп. Сепак, палестински извори тврдат дека ова се случило на крвав ден во енклавата.

Меѓу загинатите има неколку малолетници и жени, како и еден новинар.

Групата Хамас, која ја контролира Газа, наместо тоа соопшти дека нападот бил насочен кон камп за раселени лица на плажа, додека палестинската новинска агенција WAFA соопшти дека е погодена рекреативна зона на плажа.

Израелската војска соопшти дека нападот бил насочен кон неколку членови на терористичката група Хамас во северниот дел од енклавата. Таа наведе дека се преземени мерки за заштита на цивилите однапред, вклучително и воздушен надзор на областа.

Медицински извори во Појасот Газа изјавија дека најмалку 100 лица биле убиени во израелските напади вчера.

Најмалку 13 Палестинци биле убиени од израелски војници во јужниот дел од енклавата, во близина на центар за дистрибуција на помош.
Уште 10 биле убиени во израелско гранатирање во областа на магацин во јужен град Газа.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

To top