Македонија

ДУИ: „Законот за правична застапеност“ не гарантира застапеност на Албанците

ДУИ ја обвини ВРЕДИ дека се обидува да претстави лажна реалност преку манипулирана статистика и вештачки триумфализам, додека на терен се случува спротивното: исклучување на Албанците од државните институции

 

„Народниот правобранител јасно потврдува дека зголемувањето на застапеноста на Албанците се случило до октомври 2024 година, односно додека бил на сила балансерпт. Секоја позитивна бројка во извештајот за 2024 година е директен резултат на овој уставен механизам, изграден и бранет од ДУИ, а не на никаква политика или обврска на ВРЕДИ

Во меѓувреме, по укинувањето на балансерпт, релноста во институциите зборува поинаку.

Само пред една недела, седум Албанци со решенија за трајно вработување беа отпуштени без никаква законска причина, под директна одговорност на министерот Стоилковиќ, додека ВРЕДИ молчи. Уште поалармантно е што меѓу отпуштените има и воени инвалиди, што претставува сериозна правна, морална и национална неправда.

ВРЕДИ вети дека ќе „ги заштити албанските административци“. Денес е јасно дека нема ниту глас, ниту храброст, ниту политичка волја да им застане во одбрана. Нивното молчење пред овие произволни отпуштања е политичко соучество.

Политичката иронија го достигнува својот врв кога ВРЕДИ заедно со ВМРО-ДПМНЕ, го нападна балансерот, додека денес ги претставува своите придобивки како свој успех. Одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот во октомври 2024 година, која ја прогласуваат за „победа“, не е ништо повеќе од директно спроведување на предизборната програма на ОБРМ-ПДУКМ, пресликана збор по збор во владината програма доставена до Собранието во 2024 година“, велат од ДУИ.

ДУИ велат дека „Законот за правична застапеност“ не гарантира застапеност на Албанците.

„Во врска со таканаречениот „Закон за правична застапеност“ од Каракамишева, ДУИ јасно става до знаење дека овој закон, во сегашната форма, не само што не гарантира застапеност, туку целосно ја поткопува.

„… не предвидува етнички квоти; не предвидува етничка идентификација на граѓаните; нема механизми за спроведување за остварување на уставната вредност на правична и соодветна застапеност; и не содржи никакви санкционирачки одредби, што го прави законот неприменлив и само политички декор“, додаваат од ДУИ. Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Вандализам во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип: цртани нацистички свастики, демолирани тоалети, оштетени кабинети по предметна настава!

„На 30.4.2026 година, во 6:18 часот, во СВР Штип е пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Штип, едно лице насилно влегло во просторија на училиштето, при што оштетило дел од инвентарот (монитори) и испишало графит со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата, која два часа вршеше увид во објектот.

Теодосиевски: Дали шарлатаните од сектата, што глуми партија, не гледаат дека со бугарските шизофрени услови за „Бугари во Устав“ се отвора бездна пред Македонија?!

Денес кај нас станува особено тешко да (си) разјасните дали одделни „групации“ – меѓу нив и оние што глумат политички партии и нивната „интелектуална“ клиентела – се навистина толку глупави па не разбираат за што се залагаат, дали сериозно не разбираат за што станува збор, или нивните (веќе) отворено антидржавни заложби кријат некакви „таинствени“ интереси… Зашто, дури и кога отворено и до детали го предочуваат „историјатот“ на македонско-бугарскиот спор со сите негови нецивилизирани услови и стапици, тие повторно ургираат за некакви „Бугари во Устав“ – и кои, оние 250? – и надминување на само ним познатиот „ќор-сокак“ во македонските евроинтеграции. И зарем кога го препрочитуваат историјатот на сите оние бугарски шизофрени услови навистина не разбираат за што таму станува збор? И веруваат во коренита историска пресвртница со просто внесување на 250 Бугари во Уставот? Каков црн „ќор-сокак“, зарем навистина не го гледаат отворениот пеколен амбис? Ова го пишува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Можно ли е да се толку глупави“?

Таравари: УЧК беа борци за слобода, а не албански терористи, да се смени овој шовинистички говор на омраза во спомен-плочата!

Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари побара да се смени текстот од спомен-плочата во касарната „Илинден“, посветена на загинатите припадници на безбедносните сили во масакрот кај Вејце во 2001 година, каде што на 28 април 2026 година министерот за одбрана Владо Мисајловски оддаде почит. Таравари смета дека изразот „Паднати во војна против албански терористи“, кој што стои на плочата, е „неприфатлив и навредлив за дел од граѓаните“. Инаку, масакрот кај Вејце се смета како најкрвав и најбрутален настан во поновата историја на Македонија. На 28 април 2001 година околу 18 часот од заседа биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осумтемина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за нападот. Во тој напад на ОВК (УЧК) убиени се Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Јавноста е сведок на кампања и речник што не доликува на политичката сцена во Македонија, истакна Мицкоси и рече дека можеби треба да се бара лекарско (уверение) за пристапување во органи на партиите

Најнови вести

To top