Македонија

Деспотовски: Ова не е мојата СДСМ

Јован Деспотовски, член на СДСМ и поранешен кандидат за претседател на партијата, на гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, остро реагираше на барањето за негово исклучување од партијата и обвинувањата за предавство и соработка со политички противници.

Јован Деспотовски, член на СДСМ и поранешен кандидат за претседател на партијата, на гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, остро реагираше на барањето за негово исклучување од партијата и обвинувањата за предавство и соработка со политички противници.

„Искрено, после 30 години политички стаж најмалку очекував токму мојата матична партија да ме остави целосно без зборови и коментар. Ќе почекам да ги видам доказите, доколку не ги видам тие докази, во тој случај јас ќе побарам одговорност за јавно изразен збор, за валкање на мојот образ, и нанесување срам на мојата партија“ – рече Деспотовски.

Тој оцени дека она што му се случува на СДСМ е „срам“ нанесен од поединци и дека актуелниот начин на комуникација и внатрешни пресметки не е во духот на партијата.

„Ова што сега му се случува на СДСМ, е срам кој што му го нанесуваат поединци. Кои се тие аргументи и кои се тие докази за мојата соработка со нашиот политички опонент? Мислам дека е навистина небулозно. И, секако, нема да го оставам тоа така затоа што нема да дозволам овој срам да ѝ се случува на мојата матична партија. Ова не е СДСМ, ова не е мојата партија, ова не е нашата партија, ова е атак од поединци којшто во моментот управуваат со партијата“ – истакна Деспотовски.

Тој потенцираше дека партијата не може да се обедини на ваков начин и дека по година и пол од промената на раководството, внатрешните проблеми сè уште не се решени.

„Наместо да отвориме фронт, политички фолклор кон власта, ние си копаме ров меѓу себе, значи ние не обединуваме. Сакаме да зборуваме за се што се случува околу нас, а работите дома не си ги средуваме, упорно после година и пол ние не можеме да кажеме дека нашиот дом е среден, реакциите на јавноста се такви, реакциите на нашите партиски членови се такви“ – рече Деспотовски.

Реакцијата доаѓа по соопштението на СДСМ од претходниот ден, во кое Деспотовски е обвинет за предавство и координирана кампања за дестабилизација на партијата, во пресрет на конгресот најавен за 24 јануари 2026 година.

Најнови вести од: Македонија

Посебен сообраќаен режим во Тетово, Гостивар и Дебар поради посетата на Бајрам Бегај

Денеска, 28 февруари 2026 година (петок), во Тетово, Гостивар и Дебар ќе важи посебен сообраќаен режим поради завршувањето на тридневната официјална посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Од грабеж до затворска „терапија“: необична мотивација на осудениот Македонец

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај: млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор за серија грабежи и други кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заложници на криминалот, затоа на седницата за пратенички прашања ниту името на Груби не му го спомнаа

Потпретседателката на СДС пак Јованка Тренчевска, отиде до тој степен што посочи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада“, потенцираат во партиското соопштение.

Итно соопштение од МНР: Не патувајте во Израел, контактирајте ја амбасадата за помош

Во врска со најновите информации за влошувањето на безбедносната состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа земја внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции.

To top