Македонија

СДСМ објави дека е стабилизирана партија и удри по кандидат за претседател

СДСМ била стабилизирана

СДСМ денеска во соопштение за јавност објави дека е стабилизирана партија. Во истата објава Бихаќка безмилосно удри по екс кандидатот за претседател Јован Деспотовски кого го нарекува петтоколонаш и квислинг.

,,Хајка на квислингот, Деспотовски продолжи со нападите врз СДСМ!

Како класичен петоколонаш и квислинг Деспотовски продолжи со нападите на СДСМ. Јавноста и членовите гледаат дека ова е продолжение на планот на предавничката коалиција ВМРО-ЗНАМ за напади и уривање на СДСМ.

И тоа не во било кој момент, туку како петоколона, токму кога партијата се стабилизираше, напредуваше и доби голема поддршка од јавноста за борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ и договорите „мигранти за пари“ .

Додека ние ги разоткриваме криминалните шеми на ВМРО-ЗНАМ, тој со нив прави договор против СДСМ Деспотовски прави дил со оние што сакаат да ја срушат СДСМ, повторно заради личен интерес.

Човек кој во партијата никогаш не бил активен, кој за партијата и за партиските другари практично не постоел.

Доказите СДСМ јавно ги објави, прво излегуваа текстови на порталот на Геро против СДСМ и во одбрана на Деспотовски.

Кој може да верува дека е добронамерно јавното напаѓање на сопствената партија во моментите на најжестока борба против криминалот и корупцијата?

Против договорите „мигранти за пари“?

Партијата отсекогаш била место за разговор, СДСМ е позната по внатрешната демократија, а не напаѓање преку медиумите.

Политички фронт сега е јасен. Тој е со ВМРО-ЗНАМ и со координаторот на медиумските напади, Геро, против СДСМ!

Се обидоа да ја дестабилизираат партијата но не успеаја. Разоткриени се целосно.

СДСМ никој нема да ја замолчи ниту да ја запре.

Борбата против криминалот продолжува. Сите ќе одговараат”, објави СДСМ.

На последната објавена анкета лидерот на СДСМ Венко Филипче имаше само 5 проценти личен рејтинг или 5 пати помалку од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На ниво на партија СДСМ има 2,5 пати помал рејтинг од вчадеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

To top