Македонија

Белиот терор на Бихаќка – екс функционер на СДСМ ја дефинира состојбата во тимот на Филипче

Иако слепи гледале „светло во тунелот“, биле „на главната маса“ иако со голи задници, мислат дека имале „држава со отворени перспективи во сите правци“ а всушност прокоцкаа сè што генерации и генерации пред нив тешко стекнуваа

Некогашниот заменик министер за култура на СДСМ а потоа советник на екс министерот за Култура на Заев во 2017 година Златко Теодосиевски дава своја дефиниција за состојбите на Бихаќка.

 

Како ,,Бел терор” или ,,Бело измачување” ја дефинира состојбата во тимот на Филипче  екс функционерот во влади на СДСМ кој во првата година на владеењето на Заев сфати што се случува и се дистанцираше од партијата.

 

 

,,Бело измачување

Па дајте бре луѓе, некој сериозно нека запали некакво светло во тој нивен тунел! Па зарем некој сериозно таму може да види некаква „голема активност која е за пофалба и тоа е опозиција каква што треба да биде!“? И уште бараат поддршка од „демократската јавност“, дури и пофалби. За што? За белиот терор?

 

Уште некаде од 2018 година, па до денес – 2017-та сепак им беше малку поразумна! – што ќе рече во еднo такво убиствено темпо на шарлатански егзибиционизам, нè измалтретираа, исполажаа, испокрадоа…, упропастија сè што допреа и каде што (божем) се ангажираа. Испревртеа наопаку сè што можеа – па и она што никој не можеше! – и преораа секоја нормалност, за да засадат некаков квазилиберален плевел што гуши сè околу себе. А сепак, иако слепи гледале „светло во тунелот“, биле „на главната маса“ иако со голи задници, мислат дека имале „држава со отворени перспективи во сите правци“ а всушност прокоцкаа сè што генерации и генерации пред нив тешко стекнуваа.

 

Не ги интрересира што целиот тој период, сè до крајот на годинава што изминува, го изложија македонскиот граѓанин на нивното садистичко „бело измачување“, беспризорно провинциско малтретирање на секој кој не мисли како нив”, пишува Теодосиевски во колумна за Плусинфо.

 

 

 

 

 

 

Инаку, „белото измачување“ – експертите го нарекуваат уште и сензорна депривација – е метод на тортура при што сите сетила (очи, уши, нос и уста) се целосно „исклучени“ (покриени). Веројатно чувството е како да сте мртви – ама не сте. Сетилата не ви функционираат – не гледате, не слушате, не мирисате, не можете да говорите – но, сепак чувствувате, размислувате, можеби се надевате дека сте живи…?! Слика и прилика на македонскиот граѓанин после седумгодишното дивеење на елитите на сдссм и дуи (малите букви се…)!

 

Токму до таква состојба нè доведоа, но продолжија и по „метлата“ во 2024 година, до денес. Вакво јавно тормозење на граѓаните, вакво дрско и безобразно континуирано кокодакање е без преседан во македонската политика. Нема ден без нивниот логореичен егзибиционизам, без нивното лицемерие и лаги.

 

Очигледно е веќе дека на некои шутраци овде им е дозволено да гледаат на слободата на мислата и говорот, а често и на своето вкупно однесување, како на нивно загарантирано лично право, претворајќи го така јавниот простор во приватна прчија. Па следствено со нивните глупости и простотилаци – дури и идиотизми – создаваат јавни тензии, плукаат по сè и секого, самобендисано беснеат само заради фактот што ги „покрива“ некаква партиска налепница или клиентелистички „медиум“, иако тие „покривки“ одамна се претвориле во нешто нечесно и неморално, нешто многу грдо… И многумина тоа „право“ дебело го користат од 2017 година наваму, несвесни дека нивните јавни шарлатански егзибиции се одамна ужасно напорни, дури садистички, како и „белата тортура“

Најнови вести од: Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: Дел од кровна конструкција падна врз автомобил додека се движи по улица во скопски Карпош (ВИДЕО)

Споделена е и драматична снимка, во која се гледа како дел од кровна конструкција паѓа врз автомобилот во кој се наоѓаат токму снимателите

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top