Свет

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е во тешка здраствена состојба

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, близок сојузник на Кремљ, беше итно хоспитализиран во Москва во ноќта меѓу 24 и 25 декември 2025 година поради ненадејно влошување на здравствената состојба.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, близок сојузник на Кремљ, беше итно хоспитализиран во Москва во ноќта меѓу 24 и 25 декември 2025 година поради ненадејно влошување на здравствената состојба.

Според извештаи на независниот медиум Новаја Газета Европа, повикувајќи се на извори блиски до Кадиров, тој пристигнал во Москва за да присуствува на традиционалниот предновогодишен состанок на Државниот совет под претседателство на Владимир Путин на 25 декември, но не се појавил на настанот. Чеченија била единствениот регион без претставник.

Кадиров бил пренесен во Централната клиничка болница на Управата за претседателски работи на РФ. Изворот тврди дека „едвај го реанимирале во Москва“, по што се вратил дома и оттогаш не се појавил во јавноста.

Некои извори јавувааат и дека безуспешно поминале обидите за реанимација на Чеченскиот лидер.

Ова не е прв инцидент со здравјето на Кадиров во 2025 година. Порано бил хоспитализиран во приватна клиника во Грозни, а неговата состојба наводно продолжува да се влошува. Кадиров претходно споменувал „нервни сломови“ и постојано чувство на напнатост, што го припишувал на загриженоста за чеченските борци во војната во Украина.

Истражувања на Новаја Газета Европа укажуваат на долготрајни здравствени проблеми, кои активирале процеси за промена на власта во Чеченија. Во мај 2025 година, Кадиров јавно побарал да биде разрешен од должноста.

Информациите не се официјално потврдени од Кремљ или од Кадиров, а тој во минатото редовно ги негирал гласините за неговото здравје.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата оди на горе, но што се случува со златото на берза?!

Златото и среброто не донесуваат камата ниту принос, за разлика од обврзниците или штедењето. Затоа, кога каматните стапки растат или остануваат високи, инвеститорите се свртуваат кон инструменти што генерираат принос, а побарувачката за скапоцени метали се намалува. Со други зборови, повисоките приноси од обврзници го зголемуваат „трошокот за држење“ на златото. Друг важен фактор е зајакнувањето на американскиот долар.

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

По поразот на изборите: Орбан ја нуди оставката од челото на Фидес

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, во вторник понуди оставка од функцијата претседател на неговата десничарска партија Фидес, а конечната одлука ќе ја донесе партискиот конгрес во јуни.

To top