Македонија

Меџити: На заедничката средба со Мицкоски и Курти ја потврдивме посветеностa за соработка – Соседството се претвора во партнерство

„На 1 јули 2025 година заедно со премиерот Христијан Мицкоски имавме средба со премиерот на Косово Албин Курти, потврдувајќи ја нашата заедничка посветеност на регионалната соработка, стабилноста и долгорочниот развој.“ – оваа објава на вицепремиерот и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Актуале“. Порталот ја пренесува […]

На 1 јули 2025 година заедно со премиерот Христијан Мицкоски имавме средба со премиерот на Косово Албин Курти, потврдувајќи ја нашата заедничка посветеност на регионалната соработка, стабилноста и долгорочниот развој.“ – оваа објава на вицепремиерот и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

Порталот ја пренесува објавата на Меџити на фејсбук, во која тој истакнува: „Односите меѓу С.Македонија и Косово се на највисоко рамниште досега, изградени врз меѓусебно почитување, заеднички интереси и јасна визија за иднината. Посветени сме на градење нови мостови на соработка и зајакнување на соседските врски што им служат на нашите граѓани и на целиот регион. Затоа што кога соседството се претвора во партнерство, регионот се менува. И имаме волја да го промениме тоа.’

Најнови вести од: Македонија

Самсунг ќе воспостави производна линија за HVAC системи во Јужна Кореја

Инвестирајќи приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари), компанијата ќе отвори нова производна линија за HVAC системи во Гвангжу, Јужна Кореја, до 2028 година
Производната линија ќе се фокусира на HVAC системите на “FläktGroup“, вклучително и решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција

To top