Македонија

Македонски политичар пред 6 години го најави крајот на Мадуро

Тогаш голем дел од медиумите и политичарите од СДСМ му се смееја

Македонскиот политичар Влатко Ѓорчев пред 6 години го најави крајот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

 

Во Јануари 2019 година Кандидатот за Влатко Ѓорчев, испрати писмо со поддршка до потпретседателот на САД Мајк Пенс кој тогаш беше дел од тимот на претседателот Трамп.

 

Ѓорчев тогаш во писмото напиша дека владеењето на Николас Мадуро во Венецуела веќе нема легитимитет и порача дека тогашните претседател, Влада и МНР на Македонија треба заеднички да заземат став за признавање на тогашниот привремен претседател на Венецуела Гуаидо.

 

,,Би сакал да искажам поддршка на Вашите ставови и политиката на САД предводена од претседателот Доналд Трамп во однос на кризата во Венецуела.

 

Вашата Републиканска партија од САД и мојата партија ВМРО-ДПМНЕ од Македонија се заедно членки во Меѓународната демократска унија (ИДУ), како најголема глобална асоцијација на десниот центар предводена од Стивен Харпер, поранешниот премиер на Канада.

 

Тоа е нашата заедничка политичка организација основана од Роналд Реган, Џорџ Буш постариот, Маргарет Тачер, Хелмут Кол и Жак Ширак”,  напишал Ѓорчев во писмото до Пенс.

 

Тогаш голем дел од медиумите и политичарите од СДСМ му се смееја на Ѓорчев.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top