Свет

Родригез ја презема функцијата претседател поради отсуство на Мадуро

Во официјалното соопштение се истакнува дека оваа мерка има за цел да се обезбеди непречено функционирање на државните институции и целосна заштита на националните интереси на Боливарската Република Венецуела.

Уставниот совет при Врховниот суд на Венецуела донесе одлука потпретседателката Делси Родригез привремено да ја преземе функцијата шеф на државата, поради отсуството на претседателот Николас Мадуро, кој беше приведен вчера во американска воена операција.

Во официјалното соопштение се истакнува дека оваа мерка има за цел да се обезбеди непречено функционирање на државните институции и целосна заштита на националните интереси на Боливарската Република Венецуела.

Судските тела најавија дополнителна расправа за утврдување на правната рамка за управување со државата, функционирањето на владата и зачувувањето на суверенитетот во услови на принудно отсуство на претседателот.

Делси Родригез нагласи дека Николас Мадуро останува единствениот легитимен претседател на Венецуела. Таа реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој тврдеше дека Родригез положила заклетва по одведувањето на Мадуро. Родригез се обрати до јавноста преку државната телевизија од Каракас, во присуство на претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело, како и министрите за надворешни работи и одбрана.

Таа повика на смиреност, единство и заедничка одбрана на државата по, како што ја опиша, „отмичката“ на Мадуро, истакнувајќи дека Венецуела нема да се потчини на која било странска сила.

Од друга страна, Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави ќе ја „водат Венецуела“ сè додека не се обезбеди безбедна транзиција на власта.

Ситуацијата во Венецуела останува крајно напната, со спротивставени толкувања на легитимитетот и меѓународни реакции што продолжуваат да пристигнуваат.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата оди на горе, но што се случува со златото на берза?!

Златото и среброто не донесуваат камата ниту принос, за разлика од обврзниците или штедењето. Затоа, кога каматните стапки растат или остануваат високи, инвеститорите се свртуваат кон инструменти што генерираат принос, а побарувачката за скапоцени метали се намалува. Со други зборови, повисоките приноси од обврзници го зголемуваат „трошокот за држење“ на златото. Друг важен фактор е зајакнувањето на американскиот долар.

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

По поразот на изборите: Орбан ја нуди оставката од челото на Фидес

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, во вторник понуди оставка од функцијата претседател на неговата десничарска партија Фидес, а конечната одлука ќе ја донесе партискиот конгрес во јуни.

To top