Хроника

Австралискиот премиер објави сочувство за високопочитуваниот Македонец ,,Луч”

Голем слуга на австралиската демократија и прекрасна личност

Австралискиот премиер Ентони Албанезе искажа јавно сочувство за ненадејната смрт на Лупчо „Луч“ Јончески, долгогодишен парламентарен службеник.

 

За премиерот на Австралија Луч бил сакана личност и легенда на Парламентарната куќа.

,,Секогаш пријателски настроен, топол, почитуван и професионален во текот на четири децении. Не разведуваат со добрина и хумор, и покрај често напнатата и борбена атмосфера во Парламентот, пишува Албанезе.

Во сочувството Љупчо Луч е опишан како голем слуга на австралиската демократија и прекрасна личност.

 

Паралелно со Албанезе повеќе други јавни личности се простуваат од македонецот Љупчо Луч Јончевски, најдолго вработениот во законодавниот дом на седмиот континент.

Јончевски бил високо почитуван службеник на парламентот на Австралија и истакнат член на македонската заедница која гордо ја претставувал.

Австралискиот парламент во тага за македонецот Љупчо Луч Јончевски

 

 

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

To top