Хроника

Дива свиња предизвика тешка сообраќајна несреќа кај Гевгелија

Две лица со тешки телесни повреди

На 10 октомври 2026 година, во 21:20 часот, на регионалниот пат од крстосницата за село Ѓавато до крстосницата за село Богородица, во гевгелиско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувал мотоцикл „БМВ“ со гевгелиски регистарски ознаки.

Мотоциклот, управуван од 32-годишник од Гевгелија, удрил во дива свиња која излегла на патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и возачот и неговата 30-годишна сопатничка, исто така од Гевгелија.

Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Гевгелија, а случајот е пријавен во ОВР Гевгелија.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top