Македонија

Дури 13 потенцијални убијци минатиот викенд фатени од МВР на македонските патишта

Зошто Македонците возат пијани и можат да убијат невини луѓе?

Минатиот викенд МВР лишило од слобода 13 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Тоа практично значи дека 13 лица дошле во ситуација да одземат нечиј живот или да предизвикаат тешки повреди.

Од лишените од слобода 13 лица за безобѕирно управување на возило 12 возеле под дејство на алкохол а еден возач за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

За време на изминатиот викенд (03/04.01.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.402 издадени платни налози, 723 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

 

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 165 прекршоци за неправилно паркирање, 103 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 53 санкции за возење под дејство на алкохол.

 

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се и пет пешаци. Исто така санкционирани се 54 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 18 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност. Санкционирани се и пет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Доцнат вакцините против сезонски грип

Вакцините против сезонски грип се очекува да бидат обезбедени во текот на месецов, а од Министерството за здравство уверуваат дека се преземаат сите потребни активности за вакцинацијата на ранливите категории да започне што е можно поскоро

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

To top