Македонија

Кога Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од земјите од ЕУ?!

Граѓаните на Македонија ќе зборуваат без дополнителни трошоци за роаминг со граѓаните од Унијата дури на есен. Најавата за евентуално укинување од 1 јануари годинава, паѓаат во вода. Обврските и критериумите кои Брисел го бара од нас и останатите земји од Западен Балкан, се уште не се завршени, па затоа Македонците и натаму остануваат да чекаат подобро време.

Убава вест за Македонците малку ќе почека. Од 1 јануари 2026 година, Украина и Молдавија официјално станаа дел од европската „Roam Like at Home“ зона, што им овозможува на граѓаните да повикуваат, испраќаат пораки и користат мобилен интернет во земјите на Европската Унија без дополнителни трошоци над домашните тарифи. Ова значајно олеснување претставува практична придобивка од пошироката интеграција на двете земји со ЕУ и е резултат на одлуки на Европскиот совет и заеднички договори кои ги вклопуваат Украина и Молдавија во рамките на правните правила на „Roam Like at Home“.

Можноста за бесплатни разговори на земјите од Западен Балкна со граѓаните од Унијата ја најави Марта Кос, уште во јули минатата година. Но, под услов да се спроведат бараните реформи.

Меѓутоа, Македонија сè уште не ја има оваа можност, поради тоа што Западниот Балкан, вклучително и нашата земја, нема создаден правен механизам со ЕУ на ист начин како Украина и Молдавија, што би овозможило целосно укинување на надворешните роаминг надоместоци. Европските институции потврдуваат дека постои потреба од нова правна рамка која би ги поврзала земјите од Западен Балкан со зоната „Roam Like at Home“, но таа сè уште не е усвоена.

Процесот активно се спроведува, вели министерот за дигитална трансформација Андоновски. Македонија е меѓу првите земји од Западен Балкан што ги исполнува законските национални обврски и критериуми, кои се предуслов за приближување кон европскиот модел на роамниг.

  • Во таа насока, во октомври беше донесен акциски план, а на 30 декември 2025 година беа усвоени измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации. Во тек е финалната подготовка и усогласување на подзаконските акти, со очекување сите национални предуслови да бидат исполнети до крајот на јануари или почетокот на февруари. Важно е да се нагласи дека воведувањето на „роаминг како дома“ со Европската Унија не е едностран процес и не зависи исклучиво од една држава.

Дополнително, процесот се одвива постепено и бара усогласување на техничките, регулаторните и пазарните услови помеѓу операторите и институциите во регионот. Тоа значи дека, иако Македонија работи на воведување на слични дигитални стандарди и намалување на трошоците за роаминг во соработка со ЕУ, целосното укинување на надоместоците сè уште бара време и договор на повисоко правно ниво.

Со други зборови, Украина и Молдавија влегоа во зоната „Roam Like at Home“ преку специфични одлуки на ЕУ, додека Македонија се уште чека на правно регулирање и усогласување што би ѝ овозможило слични услови со Унијата во иднина.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top