Македонија

Отец Оливер и „Свети Спас“ – Подадена рака за Божиќ

Хуманитарна организација „Свети Спас”

Божиќ е празник на љубовта, но и потсетник дека не сите ја чувствуваат топлината на празничната трпеза. Додека едни слават, други секојдневно се борат за парче леб. Токму за нив, веќе повеќе од една деценија, тивко но истрајно, се грижи хуманитарната организација „Свети Спас“, предводена од отец Оливер.

Со благослов на поглаварот г.г. Стефан и заедно со помошта на голем број волонтери и општествено одговорни компании, отецот несебично се бори за оние кои немаат ништо или многу малку во животот. Единствениот услов како што вели е човечката потреба, но додава дека и покрај желбата да се помогне на сите, можностите се ограничени, а барањата се сè повеќе. Најголем дел од помшта се пакети со храна, но, не ретко се случува да се помогне и со средства за хигиена, покуќнина или градба и доградба на домовите.

„Се готви шест дена во неделата, во моментов се готват 205 оброци секој ден, од понеделник отвораме уште еден пункт, така што бројот на оброци ќе се зголеми, плус имаме уште нови барања така да до крајот на месецот тој број ќе се зголеми на над 250 оброци дневно. Најмногу функционираме со волонтери, имаме поставено 9 пункта, сега го отвораме 10 во Идризово. Имаме шофери кои ја подигаат храната и ги носат по пунктовите, каде потоа наши волонтери ја преземаат храната и ја делат на корисниците“, изјави отец Оливер.

Оброците ги подготвува специјален шеф кој е ангажиран 24 часа во денот, а му помагаат волонтери и верници кои самите доѓаат да ги подготват намирниците. Во црковната кујна се готви и мрсна и посна храна во зависност од празниците.

„Во дворот на Храмот Свети Апостоли Петар и Павле, зад мене се наоѓа кујната во која секојдневно доаѓаат волонтери и ја подготват храната за оние на кои им е најпотребна“.

Хуманитарната организација има магацини во кој се чува храната и покуќнината. Помагаат и при пожари, поплави, болести, на самохрани родители и семејства кои за миг останале без сè.

„За десет години постоење изградивме 3 куќи реновиравме над 35 дома но во денешно време имаме проблем заради работна сила, работната рака, затоа што премногу скапо стана, тешко е да функционираме така, но во блиска иднина се надеваме дека ќе успееме да најдеме волонтери кои тоа го работат и ќе можеме да продолжиме и со изградба и реновирање на домови“, изјави отец Оливер.

За отец Оливер единствена награда за вложениот труд му е насмевката која ја добива од оние на кои им помогнал. Во време кога најмногу се зборува за поделби, приказната на „Свети Спас“ потсетува дека најважно е да бидеме луѓе. Не само за Божиќ, туку секој ден.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top