Бизнис

Самсунг (Samsung) истражува како довербата, безбедноста и приватноста ја обликуваат иднината на вештачката интелигенција на “CES 2026“

Серијалот “Samsung Tech Forum“ продолжува на “CES 2026“ со дискусија на “Центарот за Платформи за Вештачка Интелигенција“ (“AI Platform Center“) за иднината на довербата и вештачката интелигенциј

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес беше домаќин на панел со глобални експерти под наслов „Веруваме во технологијата? Преосмислување на безбедноста и приватноста во време на вештачка интелигенција“ (орг. „In Tech We Trust? Rethinking Security & Privacy in the AI Age“), како дел од својот серијал “Tech Forum“ на “CES 2026“. Одржана во “The Wynn“ во Лас Вегас, сесијата ги обедини водечките експерти од областа на технологијата, истражувањето и етиката за да истражат како довербата стана еден од најкритичните фактори што го обликуваат начинот на кој луѓето ја прифаќаат и користат вештачката интелигенција, додека таа сè подлабоко и понезабележливо се интегрира во секојдневниот живот.

Како невидливата интелигенција да стане доверлива

Како што вештачката интелигенција сè повеќе ги предвидува потребите, ги организира рутините и автономно функционира низ различни уреди, панелистите Али К. Милер (Allie K. Miller), Извршна директорка на “Open Machine“; Ејми Веб (Amy Webb), Извршна директорка на “Future Today Strategy Group“; Зак Кас (Zack Kass), Глобален советник за вештачка интелигенција во “ZKAI Advisory“ и поранешен раководител на одделот “Go-To-Market“ во “OpenAI“; како и Шин Баик (Shin Baik), раководител на “Центарот за Платформи за Вештачка Интелигенција“ (AI Platform Center (APC)) групата во “Samsung Electronics“, нагласија дека довербата не се гради преку ветувања, туку преку доследно и разбирливо однесување.

За време на сесијата, Samsung го сподели својот пристап на “доверба-по-дизајн“, истакнувајќи ја важноста на системите со вештачка интелигенција кои се предвидливи, транспарентни и лесни за контрола од страна на корисниците. „Кога станува збор за вештачката интелигенција, корисниците бараат транспарентност и контрола.“, изјави Али Милер. „Сакаат да бидат носители на своите персонализирани искуства – да разберат дали “AI“ моделот работи локално или на облак (cloud), да знаат дека нивните податоци се безбедни и јасно да видат што е овозможено од ’AI’, а што не. Тој степен на видливост гради доверба. Од страна на провајдерите, постои одговорност да се креираат персонализирани искуства врз основа на клучните столбови на довербата — јасност, безбедност и одговорност.“

“Samsung“ исто така истакна дека “AI“ на самиот уред (on-device AI) овозможува личните податоци да останат локални секогаш кога е можно, додека интелигенцијата базирана во облак (cloud) се користи селективно кога е потребна поголема брзина или обем, обезбедувајќи флексибилност без компромитирање на приватноста..

 

Безбедност изградена за свет управуван од вештачка интелигенција

Панел сесијата исто така разгледа како, со оглед на тоа што интелигенцијата сè повеќе се распределува меѓу паметни телефони, телевизори и апарати за домаќинство, безбедноста мора да еволуира. Во овој контекст, “Samsung“ ја истакна својата безбедносна платформа “Knox“ која денес штити милијарди уреди, почнувајќи од нивото на чипсетот, како и “Knox Matrix“, безбедносна рамка меѓу уреди што им овозможува на производите меѓусебно да се автентицираат и да се заштитуваат.

„Довербата во вештачката интелигенција започнува со безбедност која е докажана, а не ветена“, изјави Шин Баик. „Повеќе од една деценија, ’Samsung Knox’ обезбедува длабоко интегрирана безбедносна платформа дизајнирана да ги заштити чувствителните податоци на секое ниво. Но довербата оди подалеку од еден уред – таа бара екосистем кој се самозаштитува. Со ’Knox’, уредите континуирано се автентицираат и се надгледуваат меѓусебно, така што секој уред дејствува како штит за останатите, создавајќи отпорна и безбедна средина на која корисниците можат да се потпрат.“

Меѓуиндустриски дијалог за иднината на довербата

Шин Баик нагласи дека довербата расте кога вештачката интелигенција се однесува предвидливо и безбедно низ уредите, истакнувајќи дека на корисниците им се потребни видливи сигнали на контрола, а не системи од типот „црна кутија“. “Samsung“ укажа на своите партнерства со индустриски лидери како “Гугл“ (“Google“) и “Мајкрософт“ (“Microsoft“) како начин за зајакнување на заедничките безбедносни истражувања, интероперабилноста и заштитата на ниво на екосистем. Во меѓувреме, Али Милер ја нагласи важноста на транспарентноста за корисниците, вклучувајќи јасна видливост каде се извршуваат “AI“ моделите, како се користат податоците и експлицитни ознаки што покажуваат што е овозможено од “AI“, а што не. Зак Кас додаде дека иако дезинформациите и злоупотребата претставуваат реални предизвици, „за секој ризик постои и соодветна контрамерка, а самата технологија ќе има клучна улога во ублажувањето на негативните страни на вештачката интелигенција“.

Ејми Веб го анализираше односот меѓу довербата и купувачките навики на потрошувачите. „Не мислам дека луѓето донесуваат одлуки исклучиво врз основа на доверба“, изјави таа. „Луѓето не плаќаат за доверба. Тие не купуваат производи поради доверба. Тие купуваат поради удобност. Значи, ако ’AI’ компонентата ги привлекува луѓето затоа што им го олеснува и поудобен им го прави животот, тогаш тоа е она што ги поттикнува.“

Како што вештачката интелигенција станува сè поневидлива, панелот заклучи дека технологиите што ќе изградат долгорочна доверба ќе бидат оние што од самиот почеток им даваат приоритет на безбедноста, транспарентноста и значајниот избор на корисниците.

 

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата Samsung Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Од долгогодишен застој и долгови, до позитивен раст, инвестиции и резултати, вели Трипуновски

Цветан Трипуновски се осврна на работењето во изминатите две години. Рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции.

НБРМ: Надворешниот долг на Македонија се искачи на речиси 13 милијарди евра

Надворешниот долг на Македонија продолжува да расте. Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на 2025 година.

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола посветени сме на највисоките стандарди во интерес на заедницата

ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина.

(Видео): Ребаланс на буџет – Стабилност на јавните финансии, повеќе пари за инвестиции, економска активност и квалитетни услуги за граѓаните

Повеќе пари за патишта, железница и локални инфраструктурни проекти, но и повисок буџетски дефицит. Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година со кој капиталните расходи се зголемуваат за 5,8 милијарди денари, додека дефицитот достигнува 46,1 милијарди денари или 4,1 процент од БДП.

Државата дава неповратни 615.000 денари за сопствен бизнис

Парите се наменети за основање друштво со ограничена одговорност (ДОО) од двајца содружници, при што секој ќе поседува по 50 проценти од уделот во фирмата. Максималниот износ на грантот е 1,23 милиони денари, а парите ќе се користат за набавка на опрема и материјали предвидени во бизнис-планот.

Најнови вести

To top