Свет

Трамп ги повлекува САД од десетици меѓународни организации

„Овие институции се лошо управувани, непотребни, ги следат своите агенди што се во спротивност со нашите или претставуваат закана за суверенитетот, слободите и заедничкиот просперитет на нашата нација“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Претседателот Доналд Трамп во среда потпиша извршна наредба со која се запира поддршката на САД за 66 организации, агенции и комисии, откако ѝ наложи на неговата администрација да го преиспита учеството и финансирањето на сите меѓународни тела, вклучително и оние поврзани со Обединетите нации, според соопштението на Белата куќа објавено на социјалните медиуми

Повеќето се поврзани со агенциите, комисиите и советодавните панели на ОН фокусирани на климатските, работните и други прашања, јави АП.

„Администрацијата на Трамп утврди дека овие институции се лошо управувани, непотребни, ги следат своите агенди што се во спротивност со нашите или претставуваат закана за суверенитетот, слободите и заедничкиот просперитет на нашата нација“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Одлуката на Трамп доаѓа во време кога неговата администрација започна воени напори или упати закани што ги вознемирија и сојузниците и противниците, вклучително и апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и сигнализирањето намера за преземање на Гренланд.

Администрацијата веќе ја суспендираше својата поддршка за организации како што се Светската здравствена организација, агенцијата на ОН за палестински бегалци позната како UNRWA, Советот за човекови права на ОН и културната агенција на ОН УНЕСКО, усвојувајќи пристап „а ла карт“ за плаќање на своите придонеси кон ОН, поддржувајќи само оние операции што ги сметаше за усогласени со агендата на Трамп

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top